Снежна ѕвингалка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Снежна ѕвингалка
Remove ads

Снежната ѕвингалка (науч. Montifringilla nivalis) е мала врапчевидна птица, која и покрај тоа што е ѕвингалка, не спаѓа во семејството на зебите (или ѕвингалките), туку во семејството на врапчињата. Таа е постојан жител на планините, типично над 1.500 метри надморска височина, низ јужна Европа, Средна Азија, до западна Кина. Ја има и во Македонија.

Кратки факти Снежна ѕвингалка, Заштитен статус ...
Thumb
Јајца на снежна ѕвингалка
Remove ads

Опис

Thumb
Во Франција, декември, со портокалов клун.

Снежната ѕвингалка е големка набиена птица, со должина од 16.5 до 19 см. Има кафеави горни делови на телото, бели долни делови и сива глава. Има долга, тенка бела линија на крилото. Летно време, клунот е црн и има црно лигавче. Зимно време, лигавчето се губи, а клунот станува жолт. Половите се слични.

При лет крилјата се црни со големи бели ознаки, а опашката е обрабена со бело.

Пеењето на оваа птица е пријатно, весело чрчорење со многу треперења и варијации на крцкави повици.

Remove ads

Поведение

Живеалиштето на оваа птица се планините, Алпите, Карпатите, Балканот, Кавказ, обично здружени во мали јата. Зимно време знаат да се симнат во подножјата и во градовите и се однесуваат исто како другите врапчиња, летаат брзо, маневрираат во воздухот, скокаат на земја.

Се хранат со семиња, но и со некои инсекти. Бестрашни се, и пасат на скијалиштата. Ретко може да се видат под 1.000 метри надморска височина дури и во најстудените зими.

Со оглед на живеалиштето, тие гнездат подоцна, кон крајот на мај, почетокот на јуни. Гнездото го прават во пукнатините на крапите, во дувлата на глодачите или во дупките на градбите. Несат 3-4 бели јајца.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads