Снежни Планини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Снежни планини (англиски: Snowy Mountains) се планини во Австралија, во сојузната држава Нов Јужен Велс. Тие се највисок планински венец на австралиското копно и се посебен регион во Нов Јужен Велс.
Remove ads
Географија
Снежните планини се највисокиот планински венец во Австралија, чија највисок врв, а и во цела Австралија, е планината Кошќушко (2228 m). Освен тоа, на овие планини се наоѓаат петте највисоки врвови во континентална Австралија, кои се високи преку 2.100 метри. Географски, Снежните Планини се дел од Австралиските Алпи, кои пак се дел од Големите Разводни Планини. На овие планини се наоѓаат петте континентални австралиски глацијални езера (Синото Езеро, Албина, Кутапатамба, Клаб и Хедли). Во текот на зимата (од јуни до почетокот на август) планините се покриени со снег и се погодни за скијање.
Remove ads
Историја
Планините за првпат биле истражени од Европејците во 1835 година, а потоа биле населени од овчари и земјоделци. Во 1840 година, Едмунд Стржелецки се искачил на највисокиот врв на снежните планини, кој го нарекол по полскиот национален херој Тадеуш Кошќушко. Во доцните 1860-ти, на Снежните Планини имало многу трагачи по злато, со центар во планинското село Киандра.[1] Во 1949 година, на Снежната река биле изградени каскадни хидроелектрани. Во 1997 година , Националниот парк Кошќушко од страна на УНЕСКО бил прогласен за Светски биосферен резерват.
Remove ads
Население
На Снежните Планини се наоѓа највисокото населено место во Австралија - Кабрамара, каде што живеат околу 60 луѓе.[2][3]
Поврзано
- Хидрокомплекс на Снежните Планини
- Скијање во Австралија
- Национален парк Кошќушко
- Шумски пожари во Австралија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads