Кошќушко (планина)

највисока планина во Австралија From Wikipedia, the free encyclopedia

Кошќушко (планина)
Remove ads

Кошќушко (англиски: Mount Kosciuszko, од полски: Kościuszko) — планина во венецот Снежни Планини на територијата на Националниот парк Кошќушко во Нов Јужен Велс, Австралија. Со висина од 2.228 м, ова е со највисоката планина во Австралија (не сметајќи ги надворешните територии).[1] Наречена е по во чест на полскиот национален херој и војсководец во Американската војна за независност, Тадеуш Кошќушко (1746-1817), кое ѝ го дал полскиот истражувач Павел Едмунд Стшелецки во 1840 г. поради тоа што по облик му личела на истоимената тумба во Краков.[2]

Кратки факти Кошќушко, Највисока точка ...

Вровот и околните предели се под снег во зима и пролет (обично од почетокот на јуни до крајот на октомври и подоцна).

Националниот парк Кошќушко ги нуди најблиските скијачки центри до градовите Канбера и Сиднеј: Тредбо, Шарлот Пас и Перишер Блу. Можно е планината да била искачена од Абориџините долго пред доселувањето на Европејците.

Во декември секоја година се одржува ултрамаратонска трка „Од брегот до Кошќушко“ (Coast to Kosciuszko) во должина од 240 км — од морето до самиот врв на планината.[3]

Remove ads

Повисоки планини на австралиска територија

Постојат две повисоки планини на австралиска територија, кои географски не припаѓаат на самиот австралиски континент:

Поврзано

  • Таунсенд (планина)
  • Список на планини во Австралија
  • Географија на Австралија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads