Собна температура

From Wikipedia, the free encyclopedia

Собна температура
Remove ads

Собна температура — израз за претпочитаната или типичната температура на една просторија која ја користат луѓето за разни цели. Претставува мал опсег на температури, при кои воздухот не е ни претопол, ни престуден.

Thumb
Собната температура на североисточно Мексико во април 2021 било 36.4 целзусови

Поимот може да се однесува на температурата што се чувствува на човечкото тело, или пак на оптимална температура за храна и пијалаци, складирање на лекови или пак вршење на научни опити. На пример, Државната фармакопеја на Русија, под „собна температура“ (за чување на лекови) подразбира опсег од 15 до 20 °C.[1]

Remove ads

Здравје и удобност

Поради разликите во влажноста на воздухот и облеката, препорачаната собна температура во лето не е иста со онаа во зима. Лете се препорачува 23 °C до 25,5 °C, а зиме 20 °C до 23,5 °C.[2] Според други согледувања, максималната температура треба да изнесува 24 °C, а под 22 °C за да се избегне синдромот на боледување при лош квалитет на воздухот.[2]

Според Здравствената опсерваторија на Западен Мидлендс, Британија,[3] соодветна собна температура зиме е 21 °C за дневната соба и барем 18 °C во другите простории, при што највисоката удобна температура за возрасни е 24 °C.[4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads