Зграда на Општина Струмица
градба во Струмица, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зградата на општина Струмица е историски и административен објект сместен во центарот на Струмица, во непосредна близина на плоштадот „Гоце Делчев“. Објектот е прогласен за културно наследство на Македонија.
Зградата е седиште на локалната самоуправа. Таа сè уште е нарекувана и како Градско собрание или само Собранието, а порано била позната и под називот Општински дом. Таа е изградена во 1931 година за потребите на локалната самоуправа, тогаш во рамките на Кралството СХС.
Remove ads
Опис
Сместена во централното градско подрачје, пред самиот почеток на плоштадот „Гоце Делчев“ и Старата струмичка чаршија, зградата на општина Струмица доминира со својата фасада. Веднаш до неа се наоѓа и хотелот „Српски крал“, изграден во истиот архитектонски стил, како и Малиот градски парк.
Зградата претставува трикатен објект, вклучувајќи го и приземниот дел, составен од канцеларии за неколку одделенија на општината, како и холот на зградата. На другите два ката исто така се сместени канцеларии за општинската администрација, меѓу кои и за градоначалникот, која се наоѓа на вториот кат. Главниот влез на зградата е во аголна форма, а веднаш над него е изграден полукружен балкон на кој се излегува од кацеларијата на градоначалникот.
Гледано од птичја перспектива, објектот е во „А“ форма. Денес во задниот дел на објектот има паркинг за вработените во општината. Стилот на објектот е во неокласична архитектура, карактеристичен за градбите во Струмица во првите три децении од 20-от век. Декоративните елементи на зградата се со изразени западни стилски влијанија, исто така познати за овдешното градителство во тој период.
Remove ads
Историја

Како дел од Вардарска Македонија, Струмица во 1920-тите припаѓала на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во овој период градот започнал особено да се развива, гради и проширува, по неговото уништување за време на Втората балканска војна.
Германскиот новинар Макс Фишер, кој на двапати ја посетил Струмица, во 1929 година напишал: „Струмица станала една од најубавите населби во Јужна Србија. Насекаде може да се види изградба на нови куќи“. Така се јавила и иницијативата за изградба на соодветен објект за локалната самоуправа.
Изградбата на зградата започнала во 1926 година. Се смета дека на темелите биле запишани името на тогашниот градоначалник и советниците. Објектот бил завршен во 1931 година. Како и низ другите места во кралството, тој бил познат како Општински дом, а самото тоа име било испишано на фасадата над балконот.
Во независна Македонија, зградата продолжува да се користи како седиште на локалната самоуправа, а во почетокот на 2009 година нејзината фасада била реновирана.
Remove ads
Поврзано
![]() |
„Зграда на Општина Струмица“ на Ризницата ? |
Надворешни врски
- „Стара архитектура: Собрание на општина Струмица“. Општина Струмица. 7 септември 2010. Посетено на 25 декември 2018.
- „Виртуелна тура: Општина Струмица“. See Inside. март 2017. Посетено на 25 декември 2018.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads