Совет на Европа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Cоветот на Европа е најстарата европска меѓународна политичка организација. Основната задача на Советот на Европа е создавање на единствена Европа во чии основи лежат принципите на слободата, демократијата, заштитата на човековите права и владеење на правото. Седиштето на организацијата е во Стразбур, Франција.
Советот на Европа не треба да биде мешан со Европската Унија - тоа се две сосема различни организации. Исто така, иако знамињата на двете организации се идентични, не треба да се мисли дека станува збор за иста работа.
Едно од најзначајните достигнувања на Советот на Европа е изработката и потпишувањето на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.
Remove ads
Основање
Советот на Европа е основан на 4 мај 1949 година со Уставот за Совет на Европа во Лондон, со мисија да го развива и помага ширењето во Европа на демократски принципи основани на Европската конвенција за правата на човекот и други нормативни текстови за заштита на поединецот.
Држави членки
Советот на Европа има навистина пан-европски карактер и во него членуваат:
Цели
- заштита на човековите права, плуралистичката демократија и владеење на правото;
- промовирање и стимулирање на развојот на европскиот културен идентитет и разноликост;
- наоѓање на заеднички решенија на проблемите во европското општество: како дискриминација на малцинствата, ксенофобија, нетолеранција, клонирање, тероризам, шверц на луѓе, организиран криминал и корупција, интернет криминал, насилство врз деца;
- консолидирање на демократска стабилност во Европа преку поддршка на политички, правни и уставни реформи.
Органи
Главните органи на Советот на Европа се:
- Комитет на министри
- Парламентарна асамблеја
- Конгрес на локални и регионални власти
- Европски суд за човекови права
- Секретаријат
Буџет
Буџетот на Советот на Европа за 2007 година изнесува 197.214.100 евра.
Службени јазици
Советот на Европа има два официјални јазика - англиски и француски, но германскиот, рускиот и италијанскиот исто така често се користат иако не се официјални. Некои документи на Советот се пишуваат и на други европски јазици.
Надворешни врски
- Официјална страница на Советот на Европа
- Карта на европски малцинства и етнички групи Архивирано на 21 јуни 2006 г.
- Игор Јанев, Statutary order of International Organizations, Institute of Political Studies, Belgrade, 2009, ISBN 978-86-7419-191-0
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads