Соколански дом (Куманово)
сала во Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Соколански дом, познат и како Соколана или Соколски дом ― зграда и поранешно спортско здание во Куманово. Градбата била изградена во 1931, чиј архитект е Момир Коруновиќ. Таа била седиште на кумановското Соколанско друштво.
Remove ads
Историја
Изградбата почнала на 26 јуни 1923 и архитект на градбата бил Момир Коруновиќ.[1] Домот е граден со средства од доброволни прилози од населението и од тогашната кумановска еснафска јавност.[2] Во изградбата учествувале и војниците на 22. пешадиски полк сместен во Куманово.[1] Во 1925 година, Соколскиот дом бил покриен, но изградбата повторно застанала. Во 1926 година следел упад од непознати лица и уништување на дел од опремата на Домот, а во меѓувреме поради незавршените работи покривната конструкција попуштила и градбата почнала да се уништува. Поради ова општинскиот инженер, рускиот архитект Владимир Антонов проектирал нова покривна конструкција која заедно со внатрешноста била завршена во 1928 година.[1] Соколанскиот дом бил завршен во 1931 година и му бил свечено предаден во употреба на Соколанското друштво на 6 септември 1931 година.[3]
Салата на Соколанскиот дом во минатото била користена како домашен терен на КК Куманово.
Во октомври 2019 година, Соколанскиот дом и неколку други спортски зданија биле дадени под владение на Општина Куманово откако Јавното претпријатие за стопанисување на спортски објекти им ги одзело дозволите на тогашните тековни приватни стопанисувачи.[4]
Remove ads
Архитектура
Градбата во своите почетоци содржела затворена спортска сала, најголема во градот од овој вид во време на изведбата, сала за вежбање во зимските периоди, тераса, канцеларии како и попратни содржини. Зградата била изградена во српскиот-источноримски стил, правец кој е карактеристичен за творештвото на Коруновиќ.[1]
Галерија
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads