Сомбреро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сомбреро (шпански: sombrero што значи шешир) на македонски јазик подразбира препознатлив шешир со потекло и од Мексико и од Филипини. Зборот е изведен од зборот sombra, што значи сенка. Иако ги подразбирал сите видови на шешир, се смета дека каубојците значењето на зборот го пренеле само на овој посебен вид на шешири.[1]


Денас сомбреро е заштитен знак на мексиканските музичари попознати како Маријачи, а вообичаено, освен во Мексико, се носи и по целата Јужна Америка и Шпанија[2]. Во Мексико шеширите за посиромашните слоеви прават од мах од слама или палмини влакна, додека сомбрерата за побогатите слоеви и господата се прави од најфиниот филц, со додаток на украси, како што се траките на обод. Дизајнот на сомбреро е многу разноличен, па овие шешири се наоѓаат во мноштво бои, шари и со различити украсими.
Remove ads
Настанок
Не се знае точно кога настанал овој препознатлив шешир со многу широк обод, понекогаш широк и до 60 cm со округлест облик во делот кој се става на глава. Во некои извори се спомува дека ваквата врста на шешири ги носеле монголските коњаници уште во 13 век. Меѓутоа, не е исклучено дека овој шешир настанал многу порано, со оглед на големите вруќини кои осекогаш владееле во краевите каде тој со векови се носи.[3]
Remove ads
Влијанија на различити култури

Каубоји од Тексас го прифатиле сомбреро од Шпанија кој имал рамен обод и широк оруб. Таквите шешири ги нарекувале и Поблано (Poblano) шешири.
Мексиканската варијанта на сомбреро од шпанското сомбреро се разликувало по тоа што имало уште поширок обод и бил додаден конични дел на средината на шеширот, како би се шеширот подобро вчврстил на главата. Ваквите шешири ги носеле мексиканските музичари Маријачии и коњаниците Чарии. Иако најчесто имале повез испод брадата, шеширите биле големи, тешки и незграпни за носење при работа на ранч.[1]
На американскиот Див Запад, сомбреро имал висок коничен или цилиндричен врв со украси изработени од плиш.[4]
Заради мексиканското влијание на становниците на Филипини преку шпанските товарни бродови кои преку Тихиот Океан сообраќувале помеѓу Мексико и Филипини, сомбреро стигнал и до Филипљаните. Терминот се асимилувал во облик сумбреро, под кој денеска се подразбираат сите врсти на капи, од мексиканскиот сомбреро до качкетите за бејзбол.[5]
Remove ads
Занимливости

- Спирална галаксија М104 во сазвездието Девица позната е под името Сомбреро галаксија заради својот облик кој подсетува на овој шешир.
- Најсеверното острово на Малите Антили кое припаѓа на групата на острови Ангвила, се нарекува Острво капа или Сомбреро.
- Големиот спортски стадион Tampa Stadium на Флорида заради својот облик е познат под името Голем сомбреро.
- Најпрочуениот пљачкаш од Дивиот запад, легендарниот Били Кид, постојано го носел својот сомбреро шешир украсен со зелена трака.[6]
- Стриповите во Југославија во некои пустоловини биле нарекувани по сомбреро, како што е стрипот на јунаци на Мак Корд во епиозодата Црвен сомбреро[7], Голем Блек во стрипот Црн сомбреро[8] и Панчо Гонсалес во Златно сомбреро[9].
- Папа Бенедикт XVI во текот на посетата на Мексико во март во 2012 година, го носел на главата црно-белиот сомбреро.[10]
Поврзано
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads