Сончева бура

појаснителна страница From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Сончева бура е вознемирување на Сонцето, кое може да се прошири низ хелиосферата, и да влијае на целиот Сончев Систем, опфаќајќи ја и Земјата и нејзината магнетосфера. Сончевата бурата на краток рок влијае врз времето во вселената, и се појавува во долгорочни циклуси кои ја менуваат климата во вселената.

Видови

Во сончеви бури се вбројуваат:

  • Сончевиот блесок, голема експлозија во атмосферата на Сонцето предизвикана од заплеткување, вкрстување или реорганизирање на линиите на магнетното поле;
  • Коронално исфрлање на маса, истекување на големи количини сончева плазма, а понекогаш се поврзува и со сончевиот излив;
  • Геомагнетна бура, заемното дејство на ударниот бран и облак од магнетното поле исфрлени на Сонцето со магнетното поле на Земјата.
  • Појава на сончеви честички - бура од протонски или енергетски честички.
Remove ads

Влијание врз земјата

Штетното зрачење од сончевите бури не може да пројде низ Земјината атмосфера за физички да влијае врз луѓето на Земјата, меѓутоа, кога се доволно интензивни, бурите можат да ѝ пречат на атмосферата во слојот каде што патуваат комуникациските сигнали.[1]

Силните сончеви бури се јавуваат еднаш на 80-100 години и да траат неколку месеци; и можат да предизвикаат прекини во Интернет комуникацијата. Истражувачите навеле дека евентуални сончеви бури нема подеднакво да влијаат на континентите. Според нив поголем ризик за интернет инфраструктурата има на повисоките географски широчини, над Екваторот, би се прекинала интернет комуникацијата меѓу САД и Европа, а Азија најверојатно ќе остане поврзана.[2]

Интензивната геомагнетски бури од Сонцето би можеле да предизвикаат нарушување на електро-дистрибутивните мрежи, сателитските и комуникациските системи, ГПС-технологијата, радарските системи и системот за навигација. Ваквите бури најверојатно би влијаеле и врз метеоролошките параметри и формирањето на временските услови.[1]

Remove ads

Посилни забележани сончеви бури

Бурата од 1859 предизвикала хаварија во телеграфскиот систем во Европа и Северна Америка, а поларната светлина можела да се види сѐ до Карибите.[1]

Бура со помал интензитет имало во 1921 (позната како супер бура на њујоршката железница во која имало прекини во железничкиот и поморскиот сообраќај)[3] и во 1960 година, кога било забележано пореметување на радио сигналите.

Геомагнетската бура од март 1989 ја исклучило електричната струја во цел Квебек. Сончевата бура од 2003 година предизвикала нарушувања во јапонската вселенска програма,[3] повеќечасовен прекин на струјата во Шведска, откажување на европскиот радарски систем и загуба на истражувачкиот сателит „Мидори2“.[4]

На 23 Јули 2012 била забележана сончева супербура (појава на сончев блесок, коронално исфрлање, и електромагнетни честички едновремено), но нејзината тракторија за малку ја одминала Земјата.

Поврзано

  • Список од сончеви бури
  • Поларна светлина - природна појава предизвикана од судирот на наелектризираните сончеви честички со состојките од горниот дел на атмосферата на Земјата и нивна јонизација.
  • Коронална дупка, друго подрачје каде што се појавува сончево вознемирување
  • Хелиофизика, наука што го проучува на Сонцето и подрачјето во всеселената под влијание на Сонцето
  • Магнетен облак, краткотрајно нарушување во сончевиот ветер
  • Сончев циклус, 11-годишен циклус на активноста на сончевите дамки
    • Сончев циклус 24, тековниот циклус, сега се преминува во сончев циклус 25
  • Сончева протуберанција голема ерупција на Сонцето што може да доведе до коронално исфрлање на маса.
  • Сончев ветер, тек од честички и плазма кои потекнуваат од Сонцето
  • Сончева дамка, од каде што потекнуваат повеќето сончеви блесоци и коронални исфрлања на маса (фактички - подрачје со сончеви дамки)
  • Геомагнетна бура
  • Сончева бура од 1859 година
  • Сончев блесок
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads