Кариби
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кариби (англиски: Caribbean, холандски: Caraïben, француски: Caraïbes, шпански: Caribe) или Карипски Острови — регион во Средна Америка, кој се состои од Карипското Море, неговите острови (повеќето од кои се обиколени од морето) и околните брегови. Регионот се наоѓа југоисточно од Северна Америка, источно од копнена Средна Америка и на север и запад од Јужна Америка.
- Западни Инди води тука. За други значења видете Западни Инди (појаснување)

сино = Карипско Море зелено = Западни Инди |

Remove ads
Потекло на поимот
Името „Кариби“ е дадено по Карибите, една од најдоминантните америндиски групи во регионот во времето на европскиот контакт за време на доцниот 15 век. Аналогното „Западни Инди“ потекнува од Кристофер Колумбовата идеја дека тој се укотвил на Индите (тогаш се мислело дека тие ја опфаќале цела јужна и источна Азија), иако тој всушност стигнал до Америка. Шпанскиот термин „Антили“ бил општо-посветен на новооткриените земји. Карабија е популарно име за групата острови во Карипското Море.
Remove ads
Географија


Сместена највеќе на Карипската Плоча, областа зафаќа повеќе од 7.000 острови, островчиња, атоли и гребени. Западните Инди се состојат од Антилите, поделени на поголеми Големи Антили, кои го ограничуваат морето на север и Малите Антили на југ и исток (вклучувајќи ги Заветрените Острови) и Бахамите, кои се наоѓаат североисточно од морето. Бермудите лежат многу посеверно, во Атлантскиот Океан и понекогаш се вклучуваат во Западните Инди. Геополитички, Западните Инди обично се сметаат за подрегион на Северна Америка и се организирани во 28 територии, вклучувајќи суверените држави, прекуморските одредишта и зависните области.
Remove ads
Островски групи
Лукајски Архипелаг (Бахамски Архипелаг)[1]
Бахами
Туркс и Кајкос (Обединето Кралство)
Куба
- Хиспаниола
Јамајка
Кајмански Острови (Обединето Кралство)
Порторико (САД)
- Заветрени Острови
Американски Девствени Острови (САД)
- Сент Крој
- Сент Томас
- Сент Џон
- Ватер Ајланд
Британски Девствени Острови (Обединето Кралство)
- Тортола
- Вирџин Горда
- Анегада
- Јост ван Дајк
Ангвила (Обединето Кралство)
Антигва и Барбуда
- Свети Мартин
Саба (Карипска Холандија)
Свети Евстахиј (Карипска Холандија)
Свети Вартоломеј (Француски Антили)
Свети Китс и Невис
Монтсерат (Обединето Кралствп)
Гваделуп (Француски Антили)
- Ле Сент
- Мари Галан
- Ла Дезирад
- Приветрени Острови
Доминика
Мартиник (Француски Антили)
Света Луција
Свети Винцент и Гренадини
Гренада
- Гренада
- Кариока и Мал Мартиник
Барбадос
Тринидад и Тобаго
- Тобаго
- Тринидад
- Заветрени Антили
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads