Состанок во Караѓорѓево
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Состанокот во Караѓорѓево бил таен состанок, одржан во март 1991. година во селото Караѓорѓево (Војводина биску до гратчето Бачка Паланка, СР Србија), помеѓу претседателите на СР Хрватска Фрањо Туѓман и претседателот на СР Србија Слободан Милошевиќ околу тогашната ситуација во СФРЈ или подетално во Хрватска и Србија. Според повеќе извори, на тој состанок помеѓу двата претседатели е усмено договорена поделба на Босна и Херцеговина помеѓу Србија и Хрватска, и поради тоа овој состанок понекогаш се нарекува и договорот во Караѓорѓево.
На тие преговори Милошевиќ ги барал сите територии каде Србите биле мнозинство. Тоа је вклучувало нпр. источна и западна БиХ. Туѓман и соработниците ја барале првенствено западна Херцеговина каде Хрватите формирале мнозинство. Помеѓу таквата проширена Хрватска и проширена Србија требало да има мала муслиманска државичка,која Туѓман и Милошевиќ ја нарекувале Алиината држава.[1]
Душан Биланџиќ, советникот на Туѓман кој присуствовал на овој состанок, покано објавил книга во која тврди дека „целта на овој состанок била поделба на Босна и Херцеговина“.[2][3]
Тие кои негираат дека постоел некаков договор го кажуваат фактот дека немало никаков пишан документ на тој состанок. Хрвоје Шариниќ, советникот за надворешни работи на Фрањо Туѓман, кој воедно присуствувал на тој состанок, иницијативно повеќепати негирал дека постоел каков било договор за поделба на БиХ, со Милошевиќ.[4][5][6][7][8] Без предвид дали вистина бил постигнат договор помеѓу Слободан Милошевиќ и Туџман или не,преговорите сепак се одржувале во март 1991 година. Во тоа време Југославија де факто сѐ уште постоела (25 април 1991) Словенија прогласува независност и подпаѓа под кратката десетдневна војна со ЈНА. Додатна информација во сета оваа приказна е политиката на Хрватска и претседателот Туџман кон Босна и Херцеговина, која никогаш не била крајно одредена и јасна. А без сомнение вклучувала големата желба на Туџман за припојување на деловите на БиХ со Хрватско мнозинство, ако се распадни таа држава. Поради меѓуетничката напнатост во БиХ распадот бил опасно блиску.[9]
Доколку навистина постоел каков било цврт договор за поделба на БиХ,тој бил брзо напуштен од тој момент кога Милошевиќ го изиграл Туџман помогнувајќи го етничкото чистење на Хрватите од страната на Србите во тнр Република Српска Краина и источна Славонија исто како и тешките напади на подрачјето во околината на Дубровник.
Remove ads
Краток преглед
Српската полиција во Пакрач сакаше да изведе воен удар, кое предизвика конфронтација помеѓу Хрватските полициски сили (зајакнати од паравоени единици лојални на претседателот Туџман) и ЈНА. По една недела, на 9 март 1991, ЈНА побрза да ја одбрани владата на Милошевиќ против политичките протести или демонстрации, во Белград.[10] Овие случувања биле клучни за средбата помеѓу Туџман и Милошевиќ во Караѓорѓево.[10][11] Ниту еден Бошњачки претставник не присуствуваше,пошто иваа средба билатерално беше помеѓу Србите и Хрватите.[12] Меѓународниот суд за војни злосторства против Милошевиќ забележа дека факт е дека "на 25ти март 1991 година, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туџман се сретнале во Караѓорѓево и ја дискутирале поделбата на Босна и Херцеговина помеѓу Србија и Хрватска"[13] Подоцна, во 1993 година, Славен Летицал се присетил за овој состанок кажувајќи дека "имало неколку карти на масата. Идејата беше блиска до скорешните идеи за БиХ, или да се подели на 10 или 15 кантони, или 3 полунезависни држави"[10] По Караѓорѓево, Туџман рече дека било многу тешко Босна да опстане и дека Хрватите ќе ја земат Бановината плус Казин, Велика Кладуша и Бихаќ.[12]
Туџман аргументираше дека Босна и Херцеговина треба да формира дел од федералната Хрватска единица бидејќи историски била поврзана за Хрватска.[12] Туџман не ја фаворизираше идејата БиХ да биде независна,кои беа произнесени во телевизиската емисија,и тој рекол "Босна беше творба на Отоманската инвазија [...] Дотогаш беше дел од Хрватска, или беше Босанско кралство, но беше Католичко кралство, поврзано со Хрватска.[10] Според позицијата на Туџман, кој ја проискажал пред две недели од средбата во Караѓорѓево, федерална БиХ "беше повеќе ресурс за нови поделби помеѓу Србите и Хрватите,него нивен мост".[14] Понатаму, Туџман рекол дека од етничка и лингвистична смисла, повеќето Бошњаци биле од Хрватско потекло.[12] Бошњачки идентитет би му одговарал на Србите и ова би го забрзал процесот за причинска поделба на БиХ.[14] Можно е дека "договор со Милошевиќ во Караѓорѓево [...] беше конечен чекор на таа страна".[15]
При крајот на април 1991, била одржана и втора средба во Тиквеш, Хрватска.[16] Можно беше дека овие состаноци го убедија Туџман дека Србија би ја поделила БиХ на Српско -Хрватски слој каде што Србија би му ги отстапила териториите на Хрватска до границите на Хрватската бановина од 1939 година.[16]
На овој состанок сепан се зборувало само за договор за БиХ а било отсутно некакво преговарање за Хрватска. После една недела, Милошевиќ се обратил на телевизија,по протестите во Белград,каде претстави план кој се состоеше да се освои голем дел од Хрватска во нова Југославија. Ова воведе во конфликт и прогласување на Хрватска војна за независност[10] Сепак Туџман продолжил да се среќава и комуницира со Милошевиќ,околу прашањето за БиХ,и што ќе се случи со Хрватска.[17]
Плановите на Милошевиќ и Туџман за Голема Србија и Голема Хрватска се имплементирани со етничко чистење, во текот на Босанската војна[18] Босанците (Бошњаците,Хрватите и Србите) убија а повеќе од 1.5 милиони луѓе биле избркани.[19] Ова доведе до ситуација кога немало регион кој би можел да биде опишан како етнички чисто Бошњачко, Хрватско или Српско,а во текот на војната се случило баш спротивното,почнала да се јавува хомогеноста.homogeneity.[15][19]
Законите на Република Хрватска и водачот Туџман за БиХ никогаш не биле комплетно транспарентни, секогаш ја вклучувало неговата желба да се зголемат границите на Хрватска.[20] Според пресудата за Тихомир Блашкиќ, судот пронајде дека Хрватска и поспецифично поранешниот претседател Туџман, се надеваше да ја подели Босна и да има контрола врз Босанските Хрватски и посебно врз Хрватската територијална одбрана ХВО [12] Туџман и Хрватската влада многупати негираа дека имало некаков договор во Караѓорѓево на неколку наврати, јасно кажувајќи дека во 1991 година Србите ја контролирале цела ЈНА и Спрските востанија во Хрватска во текот на Хрватската војна за независност беа само почеток.[21] Во овој контекст средбата би можела да биде видена како обид на Туџман да ја превентира Српско Хрватската војна каде Хрватска би се справила со ЈНА. Дискусијата за поделбата на Босна според некои луѓе е видена како обид да се избегне овој конфликт[22] Босанските водачи, сепак, ја виделе оваа средба како дел од план помеѓу двата претседатели да се уништи БиХ.[23]
Remove ads
Поделба на Босна и Херцеговина
Главни глумци
Главните глумци на оваа средба, Туџман и Милошевиќ, негираа дека имало некој дискутиран или донесен договор за поделба на Бих.[24] Во заедничка изјава во Женева, во 1993 година, Милошевиќ и Туџман рекоја "Сите шпекулации околу поделбата на Босна помеѓу Србија и Хрватска се целосно неосновани." Но Милошевиќ рекол за поделбата дека, "е решение кое му дава на муслиманите повеќе од што може да сонуваат или да земат со сила"[25]
Сведочења
По смртта на Туџман,некои од Хрватските политичари кои работеле со Туџман како помошникот Душан Биланџиќ[26][27] и поранешниот претседател на Хрватска Стјепан Месиќ [28] кој посведочил дека средбата била за поделба на Босна.[4][5][7] Последниот Југословенски премиер Анте Марковиќ, кој исто така сведочел во Хаг,потврдил дека имало договор за поделба на Босна помеѓу Србија и Хрватска[29][30][31] Сведочел и поранешниот Американски амбасадор во Југославија,Цимерман,[32][33] и амбасадорот Херберт Окун [34] кој сугестирал дека имаше план да се подели Босна. Педи Ешдаун исто така потврдил дека постоел план да се подели Босна на Хрватска и Србија,и дека ова бил план на Туџман.[35][36]
Стипе Месиќ

Кога Стјепан Месиќ стана претседател на Хрватска, по смртта на Туџман, тој сведочеше во Меѓународниот суд за војни злосторства за постоење на план за поделба на Босна и Херцеговина на три дела, помеѓу Србите и Хрватите и мала Бошњачка држава. Стјепан Месиќ тврди дека тој бил оној кој ги организирал овие средби.[37] Кога Месиќ му сугестираше за средбите на Борисав Јовиќ, Месиќ го конфронтираше него обвинувајќи го за "вооружување на Република Српска Краина,а воедно и Хрватските Срби", Јовиќ тоа го одрече и кажа дека тие "не беа заинтересеирани за Хрватските Срби, но биле заинтересирани само за 65% од Босна и Херцеговина."[38]
Месиќ го обвинуваше Милошевиќ дека бил одговорен за создавање на голема Србија "на остатоците од поранешна Југославија".[39][40]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads