Софи Тарнер

From Wikipedia, the free encyclopedia

Софи Тарнер
Remove ads

Софи Тарнер (родена на 21 февруари 1996 г.)[1] — англиска глумица.

Кратки факти Софи Тарнер, Роден(а) ...

Тарнер го имала своето професионално глумечко деби како Санса Старк во серијата Игра на тронови, која ѝ донела светско признание и пофалби од страна на филмските критичари. За нејзината изведба, таа добила четири номинации за наградата на здружението на глумци за најдобра глумечка екипа во драмска серија, како и номинација за најдобра млада споредна глумица во ТВ серија.[2]

Tарнер глумела во телевизискиот филм Тринаесеттата приказна (2013), а прва улога во долгометражен филм добила во трилерот Друга јас (2013). Таа исто така глумела во комедијата Едвај смртоносна (2015) и во Икс-мен: Апокалипса (2016).

Remove ads

Кариера

Од 2011 година, Тарнер ја играла Санса Старк, млада благородничка, во серијата Игра на тронови. Санса била нејзина прва филмска улога.[1] Таа била охрабрена од нејзината драмска учителка да се пријави на аудиција за улогата,[3] притоа заради улогата ја променила својата боја на коса од руса во костенлива.[4] Во 2012 година, таа била номинирана за најдобра млада споредна глумица во ТВ серија за нејзината изведба на Санса. Досега, Тарнер се појавила во сите шест емитувани сезони од серијата. Во 2013 година, таа ја добила својата прва улога во долгометражен филм, играјќи главна улога во независниот трилер Друга Јас, заснован на истоимениот роман од Кетрин Макфејл. Таа исто така играла во телевизискиот филм Тринаесеттата приказна.

Во 2013 година, таа добила улога во комедија Едвај смртоносна, заедно со Хејли Стајнфелд.[5][6] Тарнер била и раскажувач на расказот на Лев Гросман, Девојката во огледалото во аудиокнигата Опасни жени, која е антологија на раскази кои ги уредил Џорџ Р. Р. Мартин. Тарнер ја играла Џин Греј во научнофанатастичниот филм Икс-мен: Апокалипса, кој бил издаден во мај 2016 година.[7] На 9 мај 2016 година, било објавено дека таа ќе се појави во дел од антологискиот филм Берлин, те сакам, кое е четврто продолжение на франшизата Градови на љубов.[8]

Remove ads

Филмографија

Thumb
Тарнер со колешката од Игра на тронови, Мејзи Вилијамс (лево) во ноември 2009 година.

Филм

Повеќе информации Год., Наслов ...

Телевизија

Повеќе информации Год., Наслов ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads