Социјализам
политичка идеологија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Социјализмот е идеологија чие централно залагање е замена на капиталистичкото општество со општество што ќе се одликува со намалување на општествените разлики, со замена на приватната сопственост над средствата за производство со државна и општествена сопственост, со воведување на мерки на економско планирање и со нагласување на економската соработка наместо на економскиот напредок. Од аспект на општественото уредување, социјализмот претставува општествено уредување засновано на средствата за производство и врз распределбата на доходот според принципот: секому според трудот и резултатите на трудот.[1]. Најчесто, социјализмот се сфаќа во значењето што му го дал марксизмот, имено, како преоден период, подготвителна фаза која ќе води кон комунизам.
Социјализмот не е хомогена идеологија и постојат повеќе политички правци кои можат да се опфатат со поимот „социјализам“. Во најшироко значење, како социјалисти се класифицираат социјалдемократите, демократските социјалисти, комунистите и анархистите, потесното сфаќање ги склучува анархистите, а според најтесното значење како социјалисти се подразбираат само демократските социјалисти. Во секој случај, разликите помеќу различните социјалисти се толку големи што не може да се зборува за една социјалистичка идеологија, туку само за повеќе социјалистички идеологии.
Социјалистичките идеологии меѓу себе се разликуваат речиси по сите прашања кои нивните приврзаници ги сметаат за клучни:
- Дали замената на капиталистичкото со социјалистичко општество треба да се изврши по пат на револуција или преку еволуција?
- Дали треба да се национализираат сите средства за производство, дали треба да се национализираат само одредени средства за производство, или треба средствата за производство веднаш да преминат во општествена сопственост?
- Дали треба да се укине демократијата по доаѓањето на власт, односно, дали и во која мера треба да се прифати демократијата која постои во капитализмот?
- Кој треба да биде двигател во градењето на социјализмот: обичните граѓани („пролетеријатот“) или партијата што дојде на власт со социјалистички претензии?
- Каков треба да биде односот кон оние што се противат на новата социјалистичка власт? Дали нивните човекови права треба да се почитуваат или не?
- Дали треба да им се посветува посебно внимание на прашањата што предизвикуваат значителен интерес, а не се поврзани со економските односи помеѓу класите, како заштитата на животната средина, феминизмот итн.?
- Дали режимите на чие чело беа или се комунисти (како Советскиот Сојуз, Кина, Куба, СФР Југославија итн.) можат да се сметаат за социјалистички или беа облици на државен капитализам?
Remove ads
Историја на социјализмот
Социјалистичкото движење во Германија
Првата социјалистичка партија која била доволно силна за да претставува сериозен фактор во германскиот политички живот се појавила во 1875 година, кога со спојувањето на двете социјалистички групи, едната под водство на Фердинанд Ласал, а другата предводена од Бебел и Либкнехт, била основана Социјалдемократската партија. Во тоа време, со донесувањето на Готската програма, Социјалдемократската партија значително ги прифатила ставовите на Ласал, но подоцна, со Ерфуртската програма од 1891 година се приклонила кон марксизмот. Нејзината политичка моќ постојано се зголемувала и во 1914 година таа имала 110 од вкупно 397 пратеници во Рајхстагот.[2]
Социјалистичкото движење во Британија
Почетоците на социјалистичкото движење во Британија се поврзани основањето на Демократската Федерација во 1881 година и со Фабијанското Друштво (Fabian Society), основано во 1883 година. На почетокот, Фабијанците држеле предавања, наменети за работничката класа, но и за буржоазијата, но исто така одржувале контакти со влијателни економски, работнички и политички личности, барајќи поддршка за своите ставови. Покрај тоа, Фабијанците имале големо влијание во јавната администрација. Фабијанците биле противници на класната борба и се залагале за темелна, но постепена преобразба на општеството.[3]
Социјалистичкото движење во Русија
Првите марксистички групи во Русија се појавиле во 1883 година, под водство на Георги Плеханов, кој се наметнал како водечка личност во првите две децении по појавата на марксизмот во Русија. Од овие групи, во 1898 година настанала Социјалдемократската партија, која во 1903 година се поделила на две групи - меншевици и болшевици.[4]
Remove ads
Теорија на социјализмот
Во својот роман „Браќа Карамазови“, рускиот писател Фјодор Достоевски тврди дека „социјализмот не е само работничко прашање... туку, тоа е претежно атеистичко прашање.“[5]
Социјализмот како тема во уметноста и во популарната култура
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads