Соча

река во Словенија и Италија From Wikipedia, the free encyclopedia

Соча
Remove ads

Соча (словенечки: Soča, италијански: Isonzo, фурлански: Lusinç) — река во западна Словенија и североисточна Италија со должина од 138 км, од кои 96 км се на словенечка, а 43 км на италијанска територија.[1] Има алпски карактер и извира од долината Трента и Јулиските Алпи во северозападна Словенија, на надморска височина од 876 м.[1] Тече низ Бовец, Кобарид, Толмин, Канал, Нова Горица, Горица, влевајќи се во Јадранското Море кај италијанскиот град Монфалконе (Тржич).

Кратки факти Соча, Местоположба ...
Remove ads

Забележителности

Реката има карактеристична смарагдна боја и претставува една од ретките во светот што ја задржува таквата боја по целото течение.[2] Оваа особина е опишана во поемата „Реки“ на истакнатиот италијански поет Џузепе Унгарети. Соча претставува и инспирација за поемата „На Соча“ (Soči) на Симон Грегорчич,.[3] која се смета за ремек-дело на словенечка поезија.

Соча е позната по автохтоната пастрмка главатица која живее во горното течение на реката. Денес, таа важи за загрозена поради воведувањето на други видови во меѓувоениот период.[4]

Remove ads

Поврзано

  • Сочки фронт
  • Горица (Италија)
  • Горишка

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads