Смарагд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Смарагд (Be3Al2(SiO3)6) — вид на берилот. Бојата е зелена со хром во траги, а понекогаш и ванадијум. Посебно е ценет по тежина и се смета како највреден драг камен. Берилот има тврдост од 7,5 до 8 по Мосовата скала за тврдост. Сепак делотворната тврдост на Смарагдот е помала поради фрактурата и инклузијата. Повеќето од Смарагдите имаат доста инклузија (убацени делови) така што полесно се кршат отколку што би се очекувало по степенот на тврдост.


Смарагдот се јавува во многу нијанси на зелени и плавозелени бои. Постои широк спектар на видливост, кој зависи од инклузијата и расцепот на кристалот . Најценети се оние јасни камење со темна боја, но жива боја.
Во античко време Смарагдите се копале во Египет, Австрија и во Свати во Северен Пакистан. Редок тип на Смарагди, таканречени трапиш, се наоѓаат во Колумбија. Колумбиските Смарагди се најценети по изглед и видливост. Исто така добри Смарагди се копаат и во Замбија, Бразил, Зимбамбве, Мадагаскар, Пакистан, Индија, Авганистан и Русија. Вредноста на Смарагдите зависи од брусењето, бојата и видливоста.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads