Соња Стаменкова
градоначалничка на Општина Македонска Каменица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Соња Стаменкова (р. 11 февруари 1968 во село Саса) — македонска политичарка од редовите на СДСМ, која е поранешна градоначалничка на Општина Македонска Каменица. На функцијата стапила по локалните избори во 2017 година, кога победила во вториот круг со освоени 54,24% од вкупните гласови.[1]
Била само една од шесте жени кои освоиле градоначалничко место на локалните избори во Македонија во 2017 година.[2]
Remove ads
Животопис
Соња е родена на 11 февруари 1968 година во селото Саса како прво од четирите деца во рударско семејство.[3]
Основното училиште до четврто одделение го посетувало во месното подрачно училиште „Гоце Делчев“, а подоцна продолжила во централното ОУ „Кирил и Методиј“ во градот Македонска Каменица. Средното образование го продолжила на насока биологија и хемија во средното училиште „Методија Митевски Брицо“ во градот.[3]
Од 1984 до 1986 година го посетувала средното медицинско училиште „Вељко Влаховиќ“ (денес преименувано во „Јане Сандански“) во Штип со што се стекнала со звањето медицинска сестра, како што ѝ работела од 1987 до 2006 година во јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ во Македонска Каменица.[3]
Во периодот од 2009 до 2012 година студирала психологија на факултетот за општа психологија на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе, каде се здобила со титулата дипломиран психолог.[3]
Од 2006 до 2017 година работела како медицинска сестра во приватната здравствена установа „Д-р Драги Фамили Медика“ во Македонска Каменица.[3]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads