Саса
село во Општина Македонска Каменица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Саса — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.
Remove ads
Географија и местоположба
Саса се наоѓа во областа Осоговија, во северниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 700 до 1.340 м. Селскиот атар зафаќа површина од 56,1 км2.[2] Со својата површина, атарот зафаќа голем дел од долината по течението на Каменичка Река, вклучувајќи ги и нејзините извори во Осоговските Планини.
Маалата во селото се познати како: Мачкарска Маала, Черовци, Протоѓерци, Шебовска Маала, Додевци, Требешка Маала, Деровци, Портарци, Аџиска Маала, Капетанска Маала, Литовци, Рамни Дол, Букоровенци, Ризанци, Трканица, Гујновци, Сарафатска Маала, Саратска Маала, Возарци, Борчето и Тораница.
Remove ads
Историја
Саса како населено место води потекло многу одамна. Во средниот век, германското рударско племе Саси (Саксонци) започнале коп на руда и основале населба од каде што денеска потекнува и името на самото село. Денешниот рудник потекнува од XVII век.
Вкупно 11 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар, шумите преовладуваат на површина од 2.565 ха, на пасишта отпаѓаат 1.782 ха, а обработливото земјиште е на површина од 960 ха.[2]
Рударство
Стопанска гранка од особено значење во селото е рударството. Во неговиот атар се сместени рудниците Саса и Тораница од коишто се ископува олово и цинк. За потребите на рудникот Саса било изградено и истоименото јаловиште.
- Рудникот „Саса“
- Јаловиштето
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Саса живееле 730 жители, од кои 700 Македонци и 30 Роми.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Саса имало 558 жители, од кои 552 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 6 Роми.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 950 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Саса живеат 876 жители, од кои 874 Македонци и 2 Срби.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 501 жител, од кои 418 Македонци, 4 останати и 79 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads
Општествени установи

Во селото работи подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“, каде што се изведува настава до петто одделение. Освен тоа, во селото има амбуланта и услужни објекти.[2]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каменица.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од истоимената општина.
Во XIX век, селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 615 и 616 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[13]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 668 гласачи.[14]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[15]
- Балташтица — топилница од средниот век;
- Градиште — градиште од доцноантичко време;
- Јагодинска Река — топилница од средниот век;
- Конарник — црква од старохристијанско време;
- Маден — топилница од средниот век;
- Манастириште — црква од средниот век;
- Петрова Река — топилница од средниот век;
- Свиња Река — топилница од средниот век;
- Ќеровица — населба од доцноантичко време.
- Манастири
- Реки
- Споменици
- Споменик на Вера Јоциќ.
- Цркви
- Црква „Св. Архангел Михаил — манастирска црква.
Remove ads
Личности
- Родени во Саса
- Соња Стаменкова (р. 1968) — политичарка и градоначалничка на Општина Македонска Каменица.
- Починати во Саса
- Дончо Ангелов (1884 — 1921) — македонски револуционер;
- Вера Јоциќ (1923 — 1944) — југословенска партизанка.
Галерија
- Сретселото
- Улица низ селото
- Објекти во селото
- Аџиска Маала
- Основното училиште
- Селските гробишта
- Капелата
- Гробови
- Селските гробишта
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads