Спартак (филм)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Спартак (филм)
Remove ads

Спартак (анг. Spartacus) е акцискo - авантуристички - биографски - драма - историски - романтичен - воен филм од 1960 година, режиран од Стенли Кјубрик, заснован врз истоимениот роман од Хауард Фест кој пак е инспириран од животот на римскиот роб Спартак и востанието на робовите. Во филмот глумат Кирк Даглас во улогата на бунтовниот роб Спартак и Лоренс Оливие како неговиот непријател, римскиот генерал и политичар Марко Ликиниј Крас. Другите улоги ги толкуваат Питер Јустинов (добитник на оскар за најдобра споредна улога за својата изведба на трговецот со робови Лентул Батиатиј), Џон Гевин како Јулиј Цезар, Џин Симонс, Чарлс Лафтон, Херберт Лом, Вуди Строуд, Тони Кертис, Џон Дал и Чарлс Мекгро.

Кратки факти „Спартак“, Режисер ...

Автор на титловите е дизајнерот Саул Бас.

Remove ads

Кратка содржина

Филмот започнува во рудник каде работат робови во римската провинција Либија. Спартак, цврст Тракиец му помага на еден старец кој уморен паѓа на земја. Еден римски војник му наредува на Спартак да се врати на работа, но тој го напаѓа и гризнува за глуждот, веројатно Ахиловата тетива (во филмот, се вели дека тој му ја пресекол тетивата на стражарот, што е очигледно неточно.) Поради ова, Спартак е врзан и осуден на смрт со гладување. Лентул Батиатиј, ланиста (импресарио за гладијаторски игри), пристигнува во Либија, барајќи регрути за неговата гладијаторска трупа. Со одбивност испитува неколку робови пред конечно да го види Спартак, препознавајќи го неговиот нескршлив дух. Батиатиј отпловува за Капуа, каде се наоѓа неговиот гладијаторски камп.

Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads