1960
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1960 (MCMLX) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1960 година од новата ера, 960. од вториот милениум, 60. од XX век и прва од 1960-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7468 и 7469 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6710 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5720 и 5721 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2713.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1960 година се протега во 4596 и 4597, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4656 и 4657 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2503. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1379 и 1380 исламска година.
Remove ads
Настани

јануари
- 1 јануари – Камерун станува независен.
- 9 јануари – Започнува изградбата на Асуанската брана во Египет.
- 23 јануари - Батискафот на САД „Трст“ постигнал рекордна длабочина од 10.911 м во водите на Тихиот Океан.
февруари
- 18 февруари – Во Скво валеј, САД, се отворени Зимските олимписки игри.
март
април
мај
- 11 мај – Израелски агенти во Буенос Аирес го киднапираат нацистичкиот злосторник од Втората светска војна, Адолф Ајхман.
- 27 мај – Во Турција е извршен воен удар.
јуни
јули
август
- 1 август – Бенин добива независност од Франција.
- 5 август – Буркина Фасо прогласува независност од Франција.
- 6 август – Како одговор на ембаргото од САД, кубанската влада ги национализира американските и другите фирми на Куба.
- 7 август – Брегот на Слоновата Коска добива независност од Франција.
- 11 август – Чад добива независност од Франција.
- 13 август – Централноафриканската Република добива независност од Франција.
- 15 август – Конго-Бразавил добива независност од Франција.
- 16 август – Кипар добива независност од Британија.
- 17 август – Габон добива независност од Франција.
- 20 август – Сенегал се отцепува од Федерацијата Мали.
- 25 август – Во Рим се отворени Летните олимписки игри.
септември
- 14 септември – Мобуту Сесе Секо извршува воен удар во Конго.
- 14 септември – Венецуела, Ирак, Иран, Кувајт и Саудиска Арабија го формираат ОПЕК.
октомври
- 1 октомври – Нигерија стекнува независност од Британија.
- 5 октомври – Белците во Јужноафриканската унија гласаат земјата да стане република.
ноември
- 8 ноември – На претседателските избори во САД победува демократот Џон Кенеди.
- 28 ноември – Мавританија добива независност од Франција.
декември
- 14 декември – Во Париз е формиран ОЕЦД.
Без датум
- Започнува производството на автомобилот Застава 750, популарно наречен „Фиќо“.
Remove ads
Родени
- 7 март – Иван Лендл, чешки тенисер
- 21 март – Ајртон Сена, бразилски автомобилист
- 2 април – Линфорд Кристи, британски атлетичар
- 2 мај - Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија
- 10 мај – Боно, ирски пејач
- 6 јуни - Стив Ваи, американски гитарист, композитор и продуцент, добитник на Греми награда
- 4 август – Хосе Луис Запатеро, шпански премиер
- 10 август – Антонио Бандерас, шпански глумец
- 9 септември – Хју Грант, британски глумец
- 30 октомври – Диего Марадона, аргентински фудбалер
- 18 ноември – Ким Вајлд, англиска пејачка
- 27 ноември – Јулија Тимошенко, украински премиер
Починале
- 4 јануари – Албер Ками, француски писател, Нобеловец
- 30 мај – Борис Пастернак, руски поет и писател
- 16 ноември – Кларк Гејбл, американски глумец
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads