Спастична хемиплегија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Спастична хемиплегија
Remove ads

Спастична хемиплегија — невромускуларна спастична состојба кај која мускулите на едната страна на телото се во постојана контракција. Таа е „едностраната“ верзија на спастична диплегија. Таа спаѓа во групата оштетување на подвижноста на церебрална парализа. Околу 20-30% од луѓето со церебрална парализа имаат спастична хемиплегија.[1] Поради повреда на мозокот или нервите, мозокот постојано испраќа акциони потенцијали во невромускулните јункции на другата страна од телото. Слично како и за мозочен удар, оштетување на левата страна на мозокот влијае на десната страна на телото и обратно, оштетување на десната страна на мозокот влијае на левата страна на телото. Зафатената страна на телото е ригидна, слаба и има слаби функционални способности.[2] Во повеќето случаи, рацете се многу повеќе погодени од нозете. Ова може да се должи на користење на рацете почесто за време на раниот развој. Ако двете раце се погодени, состојбата се нарекува двојна хемиплегија. Некои пациенти со спастична хемиплегија страдаат само од помали оштетувања, додека во тешки случаи едната страна на телото може да биде целосно парализирана. Сериозноста на спастичната хемиплегија е во зависност од степенот оштетување на мозокот и нервите.

Кратки факти Спастична хемиплегија, Специјалност ...
Remove ads

Причинители

Постојат многу различни мозочни дисфункции што може да се сметаат за причина за спастична хемиплегија. Спастичната хемиплегија се случува или за време на раѓањето или во матката. Причината може да бидат сите видови на мозочни удари, повреди на главата, наследни болести, мозочни повреди и инфекции.[3] Малформации на вените или артериите во било кој дел од телото може да доведат до спастична хемиплегија. Средната церебрална артерија е најчесто погодена артерија. Неродено и новородените бебиња се подложни на мозочни удари. Леукодистрофиите се група од наследни болести кои можат да предизвикаат спастична хемиплегија. Мозочни инфекции како менингитис, мултипла склероза, енцефалитис може да предизвикаат спластична хемиплегија.[4] Спазмите се случуваат кога аферентните патишта во мозокот се компромитирани и комуникацијата помеѓу мозокот и моторните влакна е изгубена. Кога инхибиторните сигнали кои служат за деактивирање на рефлексот се изгубени, мускулите останува во постојана контракција. Со спастична хемиплегија, еден рака и еден нога се зафатени, па за тоа и цервикалните, лумбалните и сакралните сегменти на ’рбетниот столб може да бидат зафатени.

Remove ads

Дијагноза

Доенчиња со спастична хемиплегија може да претпочитаат една рака порано отколку што е нормално.[5]

Терапија

Нема познат лек за церебрална парализа, но постои голем спектар на третмани кои се покажа ефективни во подобрувањето на квалитетот на животот и ослободување од некои од симптомите поврзани со церебрална парализа, особено со спастичната хемиплегична церебрална парализа. Некои од третманите се во насока на подобрување на подвижноста, зајакнување на мускулите и подобрување на координацијата. Иако церебралната парализа е поради трајно оштетување и не е прогресивна, без третман, симптомите можат да се влошат, при што доаѓа до зголемување на интензитетот на болката и тежина на болеста, како и создавање на компликации кои не биле првично присутни. Некои од третманите кои се превентивни мерки за да помогне да се спречат понатамошни компликации, како што е целосна парализа на раката поради некористење и последователно влошување хипертонија и контрактура на зголобовите. Други форми на терапија се корективни. Многу третмани целат кон симптоми кои се индиректно поврзани или се предизвикани од спастичната хемиплегична церебрална парализа. Многу од овие третмани се исти и за другите форми на церебрална парализа.[6] Терапијата е индивидуализирана врз основа на секој поединечен случај и специфичните потреби на пациентот. Терапијата е често во комбинација со други форми на терапија и се создава долгорочен план за третман и континуирано се оценува. Терапијата може да го вклучува следново:

  • Физикална терапија – Физикалната терапија е најчеста форма на терапија. Таа може да вклучува сетилна стимулација, истегнување, зајакнување и позиционирање.
  • Окупациона терапија – Окупационата терапија ги третира пациентите преку избрани активности, со цел да им овозможи на луѓето да функционираат делотворно и независно, колку што е можно во секојдневниот живот. Окупационата терапија е насочена кон поединецот за да се постигнат оптимални резултати и перформанси, додека учат да се справат со попреченоста.
  • Говорна терапија – Поради тешкотии во говорот, говорната терапија често е потребна. Настрана од помагање со разбирање јазик и зголемување на комуникациски вештини, говорните терапевти, исто така може да им помогне на децата кои имаат потешкотии со јадење и пиење.
  • Бихејвиорална терапија — Психотерапија и советување во голема мера се користи во третман на лица со спастична хемиплегична церебрална парализа, со цел да им помогне да се справат емотивно со нивните потреби и фрустрации. Психотерапијата станува уште поважна кога повеќе сериозни проблеми, како што е депресија, стануваат попроблематични. 
  • Хирургија – Иако хирургијата е потребна во некои случаи, физикалната терапија и редовното користење на протези може да помогнат во ублажување на потребата за операција. Хируршки процедури се болни со долги и тешки опоравувања и не ја излекуваат болеста. Најчесто хируршки се издолжуваат мускулите. Овој тип на операција обично се изведува на нозете, но може да се изврши и на грбот. Операции, исто така, може да биде потребни за да се наместат зглобовите.
  • Лекови – Лековите кои се насочени кон симптоми поврзани со спазмите, се релативно нов третман и се сè уште во рана фаза на развој. Лековите како што се баклофен, бензодијазепини (на пример, дијазепам), тијазидин, а понекогаш и дантролен покажаа ветувачки резултати во обид да се намали спазмите.[7] Ботулинум токсинот ("Ботокс") може да ги намали спазмите за неколку месеци и често се смета за корисен третман за деца со спастична хемиплегична церебрална парализа, како и за други форми на церебрална парализа. Ботокс се покажа особено корисен за намалување на спазмите во гастрикнемиус мускулот (листот). Оваа терапија може да го подобри опсегот на движење, намалување на деформитет, подобрување на одговор на професионална и физикална терапија и да се одложи потребата за операција.
Remove ads

Компликации

Спазмите на мускулите може да предизвикаат нарушување во одењето. Констрантните спазми може да доведат до нарушување на мускулите и тетивите, што дополнително ја нарушува подвижноста на пациентот. Пациентите се со зголемен ризик остеопороза[8] и епилептични напади.[9] Оромоторната дисфункција им го зголемува ризикот од аспирациона пневмонија. Голем дел од пациентите имаат намалена сензација на рацете и нозете, на зафатената страна. 

Remove ads

Епидемиологија

Инциденцата на церебрална парализа е 2.1 на 1000 родени.[10] 20–30% од нив им припаѓаат на спастичната хемиплегија. Преваленцата на церебрална парализа е повисока во места со низок социоекономски статус. Причина за ова може да биде зголемување на инциденцата на церебрална парализа при намалување на тежината при раѓање.[11]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads