Менингитис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Менингитисот претставува воспаление на мозочните обвивки. Спрема етиологијата постојаат различни видови на менингитиси и тоа :
- Епидемичен;
- Гноен;
- Туберкулозен;
- Серозен и др.
Во 2015 години околу 8.7 милиони луѓе во светот развиле менингитис.[9] Ова резултирало со 379,000 смртни случаи – што претставува намалување од 464,000 смртни случаи во 1990 година.[10][11] Со соодветен третман ризикот од смрт кај бактериски менингитис е помал од 15%.[1] Секоја година во периодот помеѓу декември и јуни во регионот на Потсахарска Африка, познат како менингеален појас, се случуваат епидемии на бактериски менингитис.[12] Помали епидемии се појавуваат и во други краеви во светот.[12] Зборот менингитис доаѓа од старогрчкиот збор μῆνιγξ менинкс, „мембрана“ и медицинската наставка -итис, кој означува „воспаление“.[13][14]
Remove ads
Заеднички симптоми
Постојаат заеднички симптоми за сите видови на менингитиси, но секоја група на менингитис се одликува со посебни симптоми. Заедничката клиничка слика е позната како менингеален синдром. Симптомите под кој тој се јавува се следните:
- Главоболие
Главоболието претставува редовен симпптом кој го придружува менингеланиот синдром. Главоболието е мошне интензивно и секое напрегање или движење на главата предизвикува засилување на болката. Главоболието е дифузно, но најмногу е сместено на челото и пределот на вратот.
- Повраќање
Се јавува доста често и независно од внесената храна. Натанува ненадејно и без некој повод. По повраќањето не постои олеснување.
- Закоченост на вратот

Се јавува како еден од првите симптоми на менингитисот. Се добива со гфлексија на вратот спрема напред при тоа главата не може да се свитка нанапред.
- Знакот на Керниг
Ако болен кој лежи на грб му се подигнаат нозете и му се стваат под прав агол се јавуваат болки и ограничување во изведувањето на оваа флексија. Знакот на Керниг може да се изведе и на друг начин т.е ако болниот се подигне од лежечка положба во седечка не ќе може да седне под прав агол од деведесет степени со испружени нозе, и ќе настане флексија во колената.
- Феномен на Бруџински

Се разликуваат две проби горен и долен бруџински:
- Долен Бруџински
Долниот Бруџински се добива со пасивно свиткување на едната нога во колкот и коленото, при тоа доаѓа во флексија на спротивната нога.
- Горен Бруџински
Се добива кога болниот лежи на грбот и пасивно му се флексира главата кон напред, во случај на позитивен симптом доаѓа до флексија на нозете.
- Фотофобија
Сите заболени од оваа болест покажуваат зголемена осетливост спрема светлина, светлосни дразби.
- Ликворски наод
Ликворскиот наод е е скоро секогаш изменет.
Remove ads
Терапија
Емпириска терапија (без да биде познат причинителот) треба да се започне веднаш, дури и пред да бидат познати резултатите од лумбалната пункција и анализата на ЦСТ. Изборот на иницијален третман зависи во голема мера од видот на бактериите кои се причинители на менингитис во одредено место и кај одредено население. На пример, во Велика Британија, емпириската терапија се состои од трета генерација на цефалоспорин како што се цефотаксим или цефтриаксон.[15][16] Во САД, каде што резистенцијата на стрептококи кон цефалоспорини е поголема, се препорачува и ванкомицин во иницијалната терапија.[3][8][15]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads