Спиково
село во Општина Пехчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Спиково — село во Општина Пехчево, во подрачјето на Малешевијата. Се наоѓа на 6-7 км југоисточно од гратчето Пехчево во подножјето на истоимениот врв Спиково и на 10-тина километри од границата со Бугарија. Селото е напуштено околу 1967 година.[2] Од 2001 г. во него се одржува традиционалниот собир, наречен „Спикијада“.[3][4]
Селото било отпишано половина век, но од 2014 г. е повторно заживено и во него се вратило постојано население.[5]
Remove ads
Историја
Во XIX Спиково било мал чифлик (единствен во Пехчевско заедно со Чифлик) во Пехчевската каза со околу 40 куќи.[6] Во 1894-1896 г. имало 20 куќи, христијани.[7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Спиково имало 136 жители, сите Македонци христијани.[8][9]
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Спиково (Spikovo) живееле 80 жители, сите Македонци.[8][10]
Селото е напуштено околу 1967 г.[11] но веќе во XXI век почнало да добива повратни жители и веќе во 2014 г. повторно станало постојано населено место.
Remove ads
Културно-историска оставнина
- Цркви[12]
- Црква „Св. Илија“ — црква чиј камен-темелник бил осветен на 2 август 2014 г.;[13]
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Манастир — црква од старохристијанско време;
Личности
- Никола Спиковчето — деец на ВМРО[15]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads