Спирала (контрацепција)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Спирала — женско контрацептивно средство кое всушност претставува внатрематкина (интраутеринска) влошка. Направени се од пластична материја, а дел од нив е обвиткан со тенка жичка од бакар или сребро. Имаат висок степен на сигурност од забременување. Ги поставува лекар, најчесто во почетокот на менструалниот циклус. Пред поставувањето потребно е да се направи кај жената брис од грлото на матката, да нема инфекции во вагината или во јајчниците, да нема бременост и да има регуларни менструални циклуси. Не штити од СПБ и ХИВ. Обично се поставува кај жени кои завршиле со својата репродукција. Ретки се несаканите ефекти од поставувањето, како крвавење или неподнесување на спиралата.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
