Список на оживеани јазици

список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Оживеан јазик е јазик кој подлегнал на процесот на јазично оживување. Загрозените и скоро исчезнати јазици се честа цел за јазичното оживување. Најчеста причина за исчезнувањето на еден јазик е маргинализација создадена од некој друг подоминантен јазик.

Белоруски јазик

Целата нација Белоруси била скоро „невидлива“ во изминатите 150 години. Нацијата била под силна полонизација, а подоцна и под силна русификација. Белорускиот јазик бил заживеан по Руската револуција од 1917 година, но повторно бил запуштен.

Вториот обид за јазично оживување се случило по осамостојувањето на Белорусија во 1990 година. Спрема јазикот се покажал силен интерес. Сепак, актуелниот претседател на Белорусија се обвинува за активист на русификацијата на Белорусија.

Remove ads

Корнски јазик

Корнскиот јазик бил јазик за секојдневна употреба во Корнвел во Обединетото Кралство сè до 18 век. Мал број на лица продолжиле да го користат јазикот во 19 век и најверојатно во раниот 20 век. Сепак, корнишката литература, некои фрагменти и граматики од 17, XVIII и XIX век преживеале, и со тоа се овозможило јазикот да биде оживеан во 20 век. Оживувањето било проследено со несогласувања во поглед на правописот, но тоа било решено со стандардот прифатен во 2008 година. Јазикот денес го зборуваат илјадници и истиот е воведен во образованието. Јазикот не се смета повеќе за мртов, туку за загрозен.[1]

Remove ads

Хавајски јазик

На шест од седумте острови на Хаваите, хавајскиот јазик бил заменет со англискиот и не се користи за секојдневна комуникација. На островот Нихау јазикот никогаш не бил заменет, никогаш не бил загрозен и се користи активно. Нихаускиот дијалект е поразличен од останатите хавајски дијалекти.

Во минатите декади обидите за заживување на хавајскиот јазик се зголемиле. Денес има отворено училишта за хавајски јазик, се користи во некои весници и владини гласници.

Хебрејски јазик

Хебрејскиот јазик бил оживеан во усна форма два милениума по неговото исчезнување како устен јазик и овој процес на оживување се смета за успешна приказна. Јазикот бил мртов сè до 19 век кога тој бил оживеан од Елиезер Бен-Јехуда. Пред оживувањето, јазикот бил литургиски, се користел во јудаизмот при пбреди и се сметал за свет јазик кој не бил прилагоден за секојдневна употреба. Денес јазикот го зборуваат над 7 милиони луѓе, јазикот е службен во Израел и се користи меѓу еврејската дијаспора.

Remove ads

Леонски јазик

Леонскиот јазик бил сметан за сериозно загрозен од УНЕСКО во 2006 година. Покраината Леон го поддржува совладувањето на јазикот преку организирани курсеви, преку прослави и преку спонзорирање книжевни дела на леонски. Леонската локална власт го користи јазикот во некои од нивните тела и јазикот се изучува во две училишта во Леон.

Мански јазик

Thumb
Голем број од сообраќајните знаци и патокази на Ман се двојазични.

Манскиот е келтски јазик кој се зборува на островот Ман во Обединетото Кралство. Јазикот престанал да се користи во секојдневната комуникација во првата половина на 20 век. Сепак, јазикот бил оживеан во периодот кога имало уште мал број активни говорници. Иако во еден момент јазикот не бил зборуван од никого и можел да смета за мртов во 1975 година, оживувањето зело замав во последните години. На Манското радио има редовна програма на мански јазик и во 2006 година имало 46 деца кои учеле на мански.

Remove ads

Маорски јазик

Маорскиот е староседелски јазик во Нов Зеланд, каде бил најдоминантен јазик до 20 век.[2] Во последните години, во државата биле преземни мерки за заживување на јазикот како усна комуникација.[3]

Аранески дијалект

Аранескиот дијалект, кој е дел од окситанскиот јазик, се зборувал во Аранската долина во северозападна Каталонија. Некогаш јазикот се сметал за загрозен, кој се зборувал само од постаро население, но денес јазикот доживува јазично оживување. Во долината јазикот е коофицијален со каталонскиот и шпанскиот и од 1984 година е воведен во образованието.[4]

Вампаноашки јазик

Во 21 век, вампаноашкиот јазик станал првиот староседелски јазик во САД кој бил оживеан.[5]

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads