Ман (остров)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ман (остров)
Remove ads

Островот Ман (англиски: Isle of Man; мански: Ellan Vannin) — самоуправна територија на Британската Круна која се наоѓа во Ирското Море. На чело на државата е кралот Чарлс III, со титула Лорд од Ман. Островот бил келтска заедница од 1079 година. По низа промени на власта помеѓу кралевите на Англија и Шкотска, Ман потпаднал под феудална власт на англиската круна. Лордовството било приклучено кон Британската круна во 1764. година, но никогаш не станало британска територија, туку останало самоуправна јурисдикција.

Кратки факти Isle of Man Островот Ман Ellan Vannin, Службен јазик ...

Островот не е членка на Европската Унија, но има некои врски кои се однесуваат на слободниот проток на стоки.

Островот Ман е таканаречена економија на ниски даноци, нема данок на приходи од капитал, данок на богатство, ниту данок на наследство, а највисоката стапка на персонален данок изнесува 18%. Данокот на добивка за фирмите исто така е во најголемиот број случаи 0%.[2]

Поради ова, многу компании имаат свои оф-шор канцеларии на Ман, и тоа е главниот економски сегмент. Покрај тоа, присутни се и традиционалните економски дејности - рибарство, туризам и земјоделство. Владата на Ман го промовира островот како погодно одредиште за снимање на филмови, и од 1995 до денес (2008) се снимени над 80 филма.

Remove ads

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads