Спомен-костурница (Струмица)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Спомен-костурница (Струмица)
Remove ads

Спомен-костурницата во Струмицаспомен-костурница изграден на ридот Самораница на 327 метри надморска висина. Комплексот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија.

Кратки факти Спомен Костурница, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Изградбата на меморијалниот комплекс започнала во 1979 година, а на 4 јули 1982 година со свечен чин биле пренесени моштите на загинатите борци во НОВ и положени во саркофагот. Во саркофагот се наоѓале посмртните останки на: Благој Јанков - Мучето, Герас Цунев, Сандо Масев, Васил Сурчев, Киро Абрашев, Иљо Шопов, Јанко Цветинов и Димитар Цветинов.

Опис

Меморијалниот комплекс е дело е на архитектот Благој Колев, и истиот е изграден од бел мермер. На висорамнинката е аулата со саркофагот од кафеав мермер. Аулата има 2 врати влез - излез и е во форма на полукруг, осветлена од три странични прозора и еден централен. Висорамнинката е градено во замисла на отворен амфитеатар, а мермерните платна се во форма на раскинати ланци, раскинето ропство.

Пишаните стихови пред влезот во аулата се на Коце Солунски: Татковино огниште разгоривте, древни темели зацврстивте, простор немирлив засводивте, во својата срцевина[1].

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads