Среднобанатски Управен Округ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Среднобанатски Управен Округ (српски: Средњобанатски управни округ, romanized: Srednjobanatski upravni okrug; унгарски: Közép-bánsági körzet) — еден од седумте административни окрузи на автономната покраина Војводина, Србија. Се наоѓа во географскиот регион Банат. Според резултатите од пописот од 2011 година, има население од 186.851 жители. Административен центар е градот Зрењанин.


Remove ads
Име
На српски, округот е познат како Средњобанатски управни округ, на хрватски како Srednjobanatski upravni okrug , на унгарски како Közép-bánsági körzet, на словачки како Sredobanátsky okres, на романски како Districtul Banatul Central и на русински Стредобанатски окрух.
Општини
Округот го опфаќа градот Зрењанин и следните општини:
- Нови Бечеј
- Нова Црња
- Житиште
- Сечањ
Население
Според последниот официјален попис направен во 2011 година, Среднобанатскиот Округ има 187.667 жители.
Етнички групи
Етничкиот состав на Среднобанатскиот Управен Округ е следниот: [1]
Цркви
Има многу градби кои се истакнуваат по својата убавина: Православната црква Успение од 1746 година, Римокатоличката црква во Арач од 13 век и Римокатоличката катедрала од 1868 година и Реформаторската црква од 1891 година.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads