Срница

From Wikipedia, the free encyclopedia

Срницаmap
Remove ads

Срница (бугарски: Сърница) — град во Јужна Бугарија, административен центар на Општина Срница во Пазарџичката Oбласт. Има население од околу 3.511 жители (2022).[1]

Кратки факти Срница Сърница, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Градот се наоѓа планинско подрачје помеѓу ридот Д’браш и Велијчко-Виденичкиот дел во Западните Родопи. Во непосредна близина тече реката Доспат која се влева во истоимената акумулација „Доспат“.

Градот се наоѓа на 46 километри од Велинград, 90 километри од регионалниот центар Пазарџик и 180 километри од главниот град Софија.

Историја

Населбата била основана во 1860 година. Првиот доселеник бил овчарот Шабан, а скоро еден век населбата го носела неговото име - Шабанлии. Доселениците главно биле од Доспат, кој денес се наоѓа на спротивниот брег на браната. Во 1975 година, селата и населбите Шабанлии, Крушата, Петелци, Брдуче и Орлино биле обединети под името Срница.[2] Од 1950-тите до 1987 година, Срница била општина речиси 40 години, вклучувајќи ги и селата Срница, Медени Пољани и Побит Кам’к. Жителите на околината изразуваат желба за обновување на општината, која беше поново формирана во 2015 година. Од 16 септември 2003 година Срница има статут на град.[3].

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads