Ставрос Димас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ставрос Димас (грчки: Σταύρος Δήμας, роден на 30 април 1941 во Атина) е грчки политичар и поранешен министер за надворешни работи на Грција.
Семејството на Димас потекнува од селото Кленија, Коринтија. Студирал право и економија на Универзитетот во Атина, а во Њујорк магистрирал. Во 1969 година започнал да работи како адвокат за фирма од Вол Стрит, а следната година заминал во Светска Банка. Во 1975 година се вратил во Грција и ја презел функцијата заменик гувернер на Грција.
Во 1977 година станал активен член на партијата Нова демократија, а како член на грчкиот парламент бил избран во десет последователни мандати. Тој ги има извршвано следните функции:
- Заменик-министер за економска координација (1977-1980)
- Министер за трговија (1980-1981)
- Парламентарен портпарол на партија Нова демократија (1985-1989)
- Министер за земјоделство (1989-1990)
- Министер за индустрија, енергетика и технологија (1990-1991)
- Генерален секретар на Нова демократија (1995-2000)
- Висок член за политичка анализа на Управниот комитет на Нова демократија (2000-2003)
Димас на кратко бил во комисијата на Романо Проди. Како комесар за вработување и социјални работи на Европската унија бил назначен во март 2004 година, и функцијата ја презел од Ана Дијамантопулу. На оваа комисија бил до ноември 2004 година.
Од 11 ноември 2011 година станал министер за надворешни работи на Грција.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads