Стадион Шукру Сараџоглу

From Wikipedia, the free encyclopedia

Стадион Шукру Сараџоглуmap
Remove ads

Стадион Шукру Сараџоглу (турски: Şükrü Saracoğlu Stadyumu) — фудбалски стадион кој се наоѓа во регионот Кадиќој, Истанбул, Турција. Од спонзорски причини, стадионот во моментот се нарекува стадион Улкер, додека името Шукру Сараџоглу доаѓа по името на шестиот премиер на Турција, Шукру Сараџоглу.

Кратки факти Стадион „Шукру Сараџоглу“, Целосно име ...

На овој стадион своите домашни натпреваи ги игра екипата на ФК Фенербахче. Стадионот бил изграден во 1908 година и обновен помеѓу 1929 и 1932 година, 1965 година и 1982 година, како и во 1999 и 2006 година. На 4 октомври 2006 година, по бројни инспекции од страна на УЕФА, стадионот Шукру Сараџоглу бил избран за домаќин на финалето од Купот на УЕФА во 2009 година[4] , станнувајќи последен на кој се играло едно финале од истиот куп, бидејќи веќе наредната година започнала да функционира Лига Европа[5][6].

Стадионот има поминато низ комплетен процес на санацијата на секој блок, кој бил разрушен и потоа повторно изграден. Секој блок е изграден поблиску до теренот, добивајќи можност на навивачите да бидат поблиску до случувањата на теренот. Овој стил на стадионот никогаш не постоел претходно во Турција.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads