Стакина Чешма (Валандово)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стакина Чешма — археолошко наоѓалиште во Валандово. Претставува населба од римското време.
Наоѓалиштето претставува културно наследство на Македонија.
Remove ads
Местоположба
Наоѓалиштето лежи на 50 метри јужно од центарот на градот, од двете страни на суводолицата што се спушта кон Анска Река.
Историја
Бил прогласен за културно наследство на Македонија со решение од 4 февруари 1971 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Решението било надополнето со решение од 31 декември 2003 година.[1]
Ископувања
Во 1973/1974 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата извршил заштитни ископувања со кои биле отворени шест простории со подни мозаици. Во една од нив била најдена мермерна када. Подоцна, од 1987 до 1990 година, истражувањата на објектот ги продолжил Музејот на Македонија. Откриени се уште четири нови простории со подни мозаици, обработени во опус сецтиле и опус тессалатум, а исто така и полукружен базен обложен со мермерни плочки. Ѕидовите се градени од кршен камен и варов малтер. Границите на објектот не се дефинирани. Меѓу подвижните наоди најмногубројни се фрагментите од керамички садови и ламби, а потоа предметите од бронза и железо. Најдени се и монети од Лициниј, Константин I и Констанциј II. Се смета дека се работи за голем објект, можеби палата, подигната во доцниот III или раниот IV век, која претставува дел од комплексот со луксузни градби пронајдени во самиот град Валандово.[2]
Поврзано
- Зелениште — некропола од раноантичко време;
- Исар Кале — градиште од доцноантичко време и среден век;
- Манастириште — некропола од доцноантичко време;
- Валандово; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Валандовско.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads