Станица Негуш
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Станица Негуш (грчки: Σταθμός Νάουσας, Статмос Наусас) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Станицата, која се води како посебна населба, се наоѓа на седум километри југоисточно од градот Негуш и на 12 километри северозападно од градот Бер, веднаш на самата железничка линија Бер-Воден, на надморска височина од 545 метри.[2]
Сместена е во Солунското Поле.
Историја
По 1928 година е изградена нова мала населба околу железничката станица на железничката линија Бер-Воден, која поради близината на железничката станица е именувана со името на станицата.[2]
Во населбата биле сместени неколку грчки бегалски семејства.
Стопанство
Жителите на населбата се занимаваат со земјоделство, како и останатите села во областа. Пространите обработливи површини се претворени во овоштарници, особено на праски.[2]
Население
Населбата првпат е спомената со пописот од 1940 година, кога била забележана со 81 жител (главно бегалски семејства), во 1951 година 70, во 1961 година 123, во 1971 година 68, во 1981 година 67, а во 1991 година 81 жител.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 81 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 85 жители.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads
Самоуправа и политика
Населбата припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, населбата е дел од општинскиот оддел Негуш, во кој покрај градот Негуш, влегуваат и населбата Станица Негуш, селото Горно Шел, селото Гимново и туристичкиот центар Свети Никола.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads