Стапка (мерка)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Стапка (мерка)
Remove ads

Стапка (англиски: foot, множ. feet; симб. ft, ст или )[1] е единица мерка за должина во разни системи како англиските, британските и американските мерни единици. Должината ѝ варира од систем до систем, но секоја е околу четвртина до третина метар. Денес најчсто се користи меѓународната стапка. Во 1 јард има 3 стапки, а во една стапка има 12 инча.

Кратки факти
Thumb
Должина на стапката по земји, таблица 1848 година
Thumb
Неслужбен јавен империјален систем мерки кој бил обесен на ѕидот на опсерваторијата во Гринич (денес предградие на Лондон), во 19 век: 1 британски јард, 2 стапки, 1 стапка, 6 палци и 3 палца. Посетителот можел да ја провери својата мерка меѓу граничниците на температура на околината од 62 °F (16,7 °C).

Стапката е честа мерна единица во САД, Обединетото Кралство и Канада. Во САД и ОК личната висина се изразува во стапки и инчи. Во Канада пак, сè повеќе се употребуваат метри за висина, а стапки за растојание.

Remove ads

Меѓународна стапка

Во 1958 во САД и земјите од Комонвелтот меѓународниот јард е дефиниран како 0,9144 метри. Така, меѓународната стапка се дефинира како еднаква на 0,3048 метри (еквивалент на 30,48 сантиметри).

Стандардниот меѓународен симбол за стапка е „ft“ (погл. ISO 31-1, Прилог A). Во некои случаи се користи прим, кој е многу сличен на апостроф, а инчот со прим. на пример, 6 стапки 2 инча се пишува како 6′2″. Ова е збунувачко затоа што примот и двојниот прим се исто така симболи за лачни минути и лачни секунди.

Remove ads

Американска геометарска стапка

Во САД геометарската стапка се дефинира како 1200/3937 метри. Се користи исклучиво за мерења на Американската крајбрежна и геодетска инспекција. Оваа стапка е поголема за 610 нанометри од меѓународната стапка.

Историјат

Стапката како мерка се користела речиси во сите култури и се делела на 12 или понекогаш 10 инча/палца или на 16 прсти. Првата позната стандардна стапка постоела во Сумерија, каде е дефинирана на статуата на Гудеја од Лагаш околу 2575 п.н.е. Некои метролози сметаат дека стапката била прифатена и како египетска мерка во Стара Грција и дека токму од таму римјаните ја презеле својата стапка (која е поголема).

Поврзано

  • Мерни единици
  • Историја на мерењето
  • Мерни системи
  • Англиски мерни единици
  • Империјални мерни единици
  • Американски мерни единици
  • Систем SI

Наводи

Надвцорешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads