Стара Ладога

село во Русија From Wikipedia, the free encyclopedia

Стара Ладогаmap
Remove ads

Стара Ладога (руски: Ста́рая Ла́дога), позната како Ладога до 1704, е село во Волховскиот реон во Ленинградската област, Русија, кое се наоѓа на реката Волхов во близина на езерото Ладога, на 8 километри северно од градот Волхов, кој е административен центар на реонот.

Кратки факти Стара Ладога Старая Ладога, Држава ...

Бил просперитетен трговски центар во 8-от и 9-от век.[7][8] Во него доминирале Варјазите кои станале познати како Рус. Поради тоа, Стара Ладога понекогаш се нарекува прва престолнина на Русија,[9] и се смета за првото место од кое името Рус се проширило кај Источните Словени.[10][11]

Remove ads

Историја

Основање

Thumb
Тврдината Ладога била изградена во 12 век и повторно изградена 400 години подоцна. Сега е претежно реконструирана откако била тешко оштетена за време на Втората светска војна.

Со дендрохронологија се покажало дека Ладога била основана во 753 година.[2] До 950 година, била еден од најзначајните трговски центри во Источна Европа. Трговските бродови пловеле од Балтичкото Море преку Ладога до Новгород и потоа до Константинопол или до Каспиското Море. Овој пат е познат како трговски пат од Варјазите до Грците. Алтернативен пат водел преку реката Волга along the Volga trade route to the хазарската престолнина Итил, а потоа преку Касписко Море до Багдад. Веројатно, најстарата арапска средновековна монета е откопана во Ладога.[12]

Ладога под Рурик

Според Ипатиевскиот летопис кој бил напишан во 13-ти век, легендарниот варјашки водач Рурик пристигнал во Ладога во 862 година и ја направил негова престолнина. Рурук потоа се преместил во Новгород, а неговите наследници потоа во Киев ги поставиле темелите на Киевски Рус. На периферијата на Ладога има неколку огромни тумили, или кралски погребни кургани. За еден од нив се смета дека е гробот на Рурик, а за друг на неговиот син и наследник Олег. Хејмскрингла и другите нордиски извори споменуваат дека кон крајот на 990-те Ерик Хаконсон извршил напади на брегот и го запалил градот. Ладога бил најзначајниот трговски центар во Источна Европа од околу 800 до 900 година, и се проценува дека помеѓу 90% и 95% од сите арапки дирхами пронајдени во Шведска поминале низ Ладога.

Следното споменување на Ладога во летописите е во 1019 година, when Инјејерд Олофсдотер од Шведска се омажила за Јарослав од Новгород. Според договореното, Јарослав ја отстапил Ладога на неговата жена, која го назначила Рагнвалд Улфсон, за управник на градот. Оваа информација е потврдена во сагите и археолошките докази, кои сугерираат дека Ладога постепено еволуирала во првенствено варјашка населба. Најмалку два шведски кралеви ја поминале својата младост во Ладога, Стенкил и Инге I, а најверојатно и кралот Анунд.

Во 12-ти и 13-ти век, Ладога функционнирала како трговска станица во моќната Новгородска Република. Подоцна, нејзиното трговски значење опаднало и поголемиот дел од населението се занимавало со рибарство во 15-ти век.[13] Откако во 14-ти век биле изградени нови тврдини западно од Ладога, како Орешек и Корела опаднало и военото значење на градот.

Подоцнежна историја

Откако бил основан градот Нова Ладога во 1704 година од страна на Петар Велики, Ладога станала позната како Стара Ладога и нејзиното значење опаднало.[14]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads