Мездра

село во Општина Свети Николе From Wikipedia, the free encyclopedia

Мездраmap
Remove ads

Мездра — раселено село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Куќи во селото

Ова село се наоѓа во областа Овче Поле, во средишниот дел на територијата на Општина Свети Николе, недалеку од градот Свети Николе.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 330 метри.[2]

Мездра се наоѓа во непосредна близина на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

Историја

Селото своевремено имало два дела: Стара Мездра и Нова Мездра, кои долго време во XX век се сметале за одделни села. Обете се иселени во 1970-тите и во 2000-тите се укинати. Денес, како населено место се води само Мездра (Стара Мездра), додека пак територијата на некогашна Нова Мездра е во атарот на соседното село Сопот, близу атарската граница со Мездра.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 5,7 км2.[2]

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Власи.[3]

И двете населби, Нова и Стара Мездра се наполно раселени по 1971 година. Таа година, Нова Мездра броела 58 жители, македонско население, додека Стара Мездра имала 11 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Мездра немало жители.[4] Истото било потврдено и на пописот за 2021 година.

Податоци за Нова Мездра

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Податоци за Стара Мездра

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Свети Николе во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Светиниколска градска општина, во која покрај селото градот Свети Николе, се наоѓале и селата Кнежје, Нова и Стара Мездра.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1695 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на извидничкиот дом во селото Орел.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[10]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[11]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[12]

Личности

Родени во или по потекло од Мездра

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads