Стара Црква (Селокуќи)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стара Црква — археолошко наоѓалиште во дебарското село Селокуќи. Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа среде село, во непосредната близина на селската чешма, на издолжен гребен со правец север-југ, каде во 1945/46 година, при нивелирањето на теренот за изградба на селското училиште биле откриени гробови градени од камени плочи - тип циста. Во гробовите не биле најдени предмети. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и камени плочи од гробни конструкции.[1]
Remove ads
Поврзано
- Мерсуид — средновековна некропола;
- Мојсиева Црква — средновековна црква и некропола;
- Музгалица — неолитска населба;
- Шулон — средновековна некропола;
- Таранеш — населба и некропола од римско и доцноантичко време;
- Селокуќи;
- Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads