Стара турска пошта
зграда во Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Старата турска пошта — поранешна административна зграда и споменик на културата во Скопје. Сместена е меѓу Вилаетскиот конак „Уќумат“ и Мустафа-пашината џамија, спроти тврдината Кале. Зградата е изградена на крајот од XIX век, за што сведочи натписот на камената плоча поставена над влезната врата. Во времето на нејзината изградба, таа била првата турска телеграфана во градот.[1] Првобитно, објектот имал правоаголна основа и се состоел од приземје и кат, а подоцна бил дограден уште еден кат. Како последица на Земјотресот од 1963 година, објектот бил оштетен и со неговата рекнструкција бил отстранет доградениот кат.[2]

Remove ads
Поврзано
- Турска пошта
- Стара скопска чаршија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads