Стара турска пошта (Струмица)

музеј во Струмица From Wikipedia, the free encyclopedia

Стара турска пошта (Струмица)
Remove ads

Старата турска поштамузеј кој се наоѓа во Струмица, Македонија. Објектот е сместен во стариот дел на градот во близина на наоѓалиштето Орта џамија, на улицата „Тошо Арсов“ бр. 23. Објектот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија.

Кратки факти Стара турска пошта, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Thumb

Постoи краток писмен запис од 1895 година во кој еден српски патописец ја опишува Старата турска пошта како комуникациски објект за поврзување на Струмица со другите градови во Македонија. Објектот бил граден во текот на 19 век[1], и по неговата изградба служел како пошта во времето кога овие простори биле под власта на Отоманското Царство.

Подоцна овој јавен објект бил претворен во приватна куќа во која живеело семејството Арсови, а од 2005 е во сопственост на НУ Завод и Музеј во Струмица и спаѓа во ретките објекти со споменна вредност која ја обликува архитектонската визура на некогашна Струмица.

Обликуван е со приближна квадратна основа, со подрумски дел од камен, приземје и кат во бондрук систем со карактеристична вертикална геометризација. Катот има еркерно мало исфрлање само на двете страни од куќата, додека широката стреа со обликуван венец силно го нагласува кровот изведен со ориентална ќерамида[2].

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads