Старогрчки епски циклус

From Wikipedia, the free encyclopedia

Старогрчки епски циклус
Remove ads

Старогрчки епски циклус — збирка старогрчки епски песни, составени во дактилен хексаметар и поврзани со приказната за Тројанската војна, вклучувајќи ги Киприја, Етиопис, таканаречената Мала Илијада, Илиуперсис, Ностои и Телегонија. Научниците понекогаш ги вклучуваат двата хомерски епа, Илијада и Одисеја, меѓу песните од епскиот циклус, но терминот почесто се користи при наведување на нехомерските песни.

Thumb
Чинија за пиење со сцени од епот „Етиопис“, Атика, околу 540 година п.н.е.

За разлика од Илијада и Одисеја, цикличните епови преживеале само во форма на фрагменти и резимеа од доцната антика и византискиот период.

Епскиот циклус бил дестилација во книжевна форма на усната традиција што се развила за време на старогрчкото мрачно доба, и која делумно се базирала на локализирани култови на херои. Традиционалниот материјал од кој биле извлечени книжевните епови ја третира микенската култура од бронзеното доба од перспектива на железното доба и подоцнежната Стара Грција.

Во современата наука, проучувањето на историскиот и книжевниот однос помеѓу хомерските епови и остатокот од циклусот се нарекува неоанализа.

Подолг епски циклус, каков што бил опишан од научникот и свештеник од 9 век од н.е., Фотиј, во кодексот 239 од неговата Библиотека, ги вклучувал и Титаномахија (8 век п.н.е.) и Тебанскиот циклус (помеѓу 750 и 500 година п.н.е.), кои пак ги сочинувале Едиподеја, Тебаида, Епигони и Алкмеонида; сепак, ниту еден од цикличните епови (освен Хомеровиот) не преживеал до времето на Фотиј, и Фотиј најверојатно не се осврнувал на канонска збирка. Современите научници вообичаено не го вклучуваат Тебанскиот циклус кога се осврнуваат на Епскиот циклус.

Remove ads

Содржина

Повеќе информации Наслов, Должина (книги) ...
Remove ads

Докази

Херодот знаел за Киприја и Епигони кога ја напишал неговата Историја во средината на 5 век п.н.е. Тој ја отфрлил теоријата за хомерово авторство на првото дело и го довел во прашање авторството на второто дело.[1]

Епскиот циклус не бил споменуван како целина (вклучувајќи го и тебанскиот циклус) сè до 2 век од н.е., но познавањето на „тројанскиот циклус“ е очигледно барем од 4 век п.н.е., бидејќи Аристоксен споменал алтернативен почеток на Илијада.[2]

Аристотел, во неговата „Поетика“, ги критикувал Киприја и Мала Илијада поради парцијалниот карактер на нивните заплети.[3]

Библиотека која му се припишува на Аполодор и латинската Генеалогија од II век од н.е. која му се припишува на Хигин исто така влечеле инспирација од делата. Понатаму, натписите Tabula iliaca ги покриваат истите митови.[4]

Поголемиот дел од знаењето за цикличните епови доаѓало од нецелосно резиме за нив кое служело како дел од предговорот на познатиот ракопис на Илијада од 10 век познато како Венет А. Овој предговор бил оштетен, му недостасувала Киприја и морал да се дополни со други извори (резимето за Киприја било зачувано во неколку други ракописи, секој од нив ја содржи само Киприја и ниеден од другите епови). Резимето, пак, е извадок од подолго дело, Хрестоматија, напишано од „Прокло“. Ова ни е познато благодарение на доказите дадени од подоцнежниот научник Фотиј, споменат погоре. Фотиј дал доволно информации за Хрестоматијата на Прокло за да покаже дека извадокот од Венет А е од истото дело.[5] Малку се знае за Прокло, но тој со сигурност не е филозофот Прокло Дијадох. Некои сметале дека станува збор за помалку познатиот граматичар Евтихиј Прокло, кој живеел во 2 век од н.е.,[6] но сосема е можно тој да е едноставно непозната личност.

Во антиката, двата хомерски епа се сметале за најголеми дела во Циклусот. За хеленистичките научници, цикличните поети т.е. авторите на кои најчесто им се припишувале другите песни, биле νέωτεροι (neōteroi „подоцнежни поети“) и терминот κυκλικός (kyklikos „цикличен“) бил користен како синоним за „формулаичен“. Подоцна, и во голем дел од современата наука, се сметало дека поезијата која била напишана подоцна била инфериорна.

Приказните раскажани во Циклусот биле прераскажани од други антички извори,[7] особено „Енеида" (книга 2) од Вергилиј, која го раскажува ограбувањето на Троја од тројанска перспектива, и „Метаморфози“ од Овидиј (книги 13-14), каде тој го опишал истоварувањето на Грците во Троја (од Киприја) и судењето за Ахиловото оружје (Мала Илијада). „Постхомерика“ од Квинт Смирниски е друг извор, кој ги раскажува настаните по смртта на Хектор до крајот на војната. Смртта на Агамемнон и одмаздата што ја презел неговиот син Орест (Ностите) се теми на подоцнежната грчка трагедија, особено на Орестеевата трилогија за Есхил.

Remove ads

Компилација

Нехомерските епови обично се сметаат за подоцнежни дела во споредба со Илијада и Одисеја. Сепак, нема веродостојни докази за ова, а некои неоаналитичарски научници работат врз основа на претпоставката дека хомерските епови биле составени подоцна од цикличните епови и опширно се потпирале на нив. Други неоаналисти тврдат дека хомерските епови се потпираат на легендарен материјал кој подоцна се кристализирал во епскиот циклус.

Природата на врската помеѓу цикличните епови и Хомер е исто така поврзана со ова прашање. Според Прокло, заплетите на шесте нехомерски епови биле напишани со цел да се интегрираат со хомеровите дела, т.е. без да има преклопувања.[7]

Thumb
Смртта на Астијанакс прикажана на вазна од Микон, околу 670-тите години п.н.е.

На пример, еден зачуван цитат покажува дека Малата Илијада раскажува како Неоптолем ја заробил Андромаха по падот на Троја;[8] меѓутоа, кај Прокло, Малата Илијада завршува пред да започне ограбувањето на Троја. Некои научници тврдат дека Киприја, како што првично била планирана, се занимавала повеќе со Тројанската војна отколку што сугерирало резимето на Прокло; сепак, други тврдат дека делото требало да се поврзе со Илијада, и дека Проклоовиот опис ја одразува Киприја каква што таа првично била.[9]

Најверојатно било направено одредено уредување или „шиење“ за да се надоврзуваат еповите. Во однос на последниот стих од Илијада, било зачувано алтернативно толкување кое требало директно да се поврзе со Етиопија.

Постојат одредени противречности меѓу еповите во Циклусот. На пример, грчкиот воин кој при падот на Троја го убил синот на Хектор, Астијанакс, бил Неоптолем според Малата Илијада, а според Iliou persis, тоа било Одисеј.[7]

Како и кога осумте епови од Циклусот биле споени во една збирка и наречени „циклус“ е прашање на дебата. Кон крајот на 19 век, Дејвид Бининг Монро тврдел дека схоластичката употреба на зборот κυκλικός не се однесувала на Циклусот како таков, туку станувало збор за „конвенционалност“ и дека Циклусот бил составен во хеленистичкиот период (можеби дури во 1 век п.н.е.).[10] Поновите научници претпочитаат да го поместат датумот малку порано, но го прифаќаат општиот тек на аргументот.

Remove ads

Поврзано

Библиографија

Изданија

За понатамошно читање

  • Abrantes, Miguel Carvalho (2016). Themes of the Trojan Cycle: Contribution to the study of the greek mythological tradition. CreateSpace Independent Publishing Platform. ISBN 978-1530337118.
  • Burgess, J.S. 2001, The Tradition of the Trojan War in Homer and the Epic Cycle (Baltimore). ISBN 0-8018-7890-X (pbk)
  • Davies, M. 1989, The Greek Epic Cycle (Bristol). ISBN 1-85399-039-6 (pbk)
  • Kullmann, W. 1960, Die Quellen der Ilias (troischer Sagenkreis) (Wiesbaden). ISBN 3-515-00235-9 (1998 reprint)
  • Michalopoulos, Dimitris, Homer's Odyssey beyond the myths, Piraeus: Institute of Hellenic Maritime History, 2016. ISBN 9786188059931.
  • Monro, D.B. 1883, "On the Fragment of Proclus' Abstract of the Epic Cycle Contained in the Codex Venetus of the Iliad", Journal of Hellenic Studies 4: 305–334.
  • Monro, D.B. 1901, Homer's Odyssey, books XIII-XXIV (Oxford), pp. 340–84. (Out of print)
  • Severyns, A. 1928, Le cycle épique dans l'école d'Aristarque (Liège, Paris). (Out of print)
  • Severyns, A. 1938, 1938, 1953, 1963, Recherches sur la "Chrestomathie" de Proclos, 4 vols. (Bibliothèque de la faculté de philosophie et lettres de l'université de Liège fascc. 78, 79, 132, 170; Paris). (Vols. 1 and 2 are on Photius, 3 and 4 on other MSS.)
  • Severyns, A. 1962, Texte et apparat, histoire critique d'une tradition imprimée (Brussels).
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads