Египетски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Египетски јазик — античкиот староседелски јазик на Египет кој е дел од групата на афроазиски јазици. Првите запишани мисли и зборови на египетски јазик датираат уште од 3400 п.н.е.[1] што го прави еден од најстарите познати запишани јазици.
Египетскиот јазик бил зборуван до 17 век во новоразвиената форма наречена коптички јазик. Денешниот национален јазик на Египет е египетски арапски јазик, кој постепено со текот на времето го заменил коптичкиот јазик во секојдневната употреба. Таа замена започнала со муслиманското освојување на Египет. Коптичкиот јазик и денес се користи, но како литургиски јазик во Коптичката црква. Овој јазик активно го зборува многу мал број на население, скоро сите зборуваат египетски арапски јазик.[2]
Remove ads
Периодизација
Јазичарите и научниците го делат, или го подредуваат јазикот хронолошки на 6 различни периоди, и тоа:[3]
- Архаичен египетски јазик (пред 2600 п.н.е., јазикот на раната династија),
- Стар египетски јазик (2600 п.н.е. – 2000 п.н.е., јазикот на Старото Кралство),
- Средноегипетски јазик (2000 п.н.е. – 1300 п.н.е., Средното кралство па сè до периофот на Амарна; продолжил како литературен јазик во 4 век),
- Доцноегипетски јазик (1300 п.н.е. – 700 п.н.е.),
- Демотски јазик (7 век п.н.е. – 5 век, Доцниот период па сè до Римското Царство)
- Коптски јазик (1 век – 17 век, рана Римско Царство до денес).
Remove ads
Поврзано
- Египетски хиероглифи
- Стара египетска литература
- Египетски броеви
- Демотски јазик
- Коптски јазик
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads