Старословенски морфолошки систем

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Старословенскиот јазик имал богата примена и кај именските зборови и кај глаголите. Тој бил синтетичен јазик, т.е. службата на именските зборови во реченицата се изразувала со падежни форми, што е случај денеска со српскиот, хрватскиот, босанскиот, словенечкиот, рускиот и други јазици. Именските зборови разликувале 7 падежи: во еднина, во множина и двоина (дуал). Двоината се употребувала кога се однесувало на два предмета или две лица или на броеви што завршувале со 2: 12, 22 итн. Именките се менувале по падежи според нивната основа.

Имало 5 групи именска примена:

  • о-основа (тврда и мека): рабъ, конь, сєло, полє;
  • а-основа (тврда и мека): жєна, змiа;
  • и-основа: гость, кость;
  • у-основа: сын, волъ
  • основа на согласка: камєнь, имѧ, тєлѧ.

Именките разликувале три рода: машки, женски и среден - рабъ, жєна, сєло.

Еве пример за деклинација на една именка во сите падежи и броеви:

Повеќе информации Падеж, еднина ...

Придавките се менувале по падежи како именките. Разликувале три рода: машки - новъ, женски - нова, среден - ново. Компарацијата се образувала на синтетички начин, т.е. со наставка која се додавала на придавката. Компаратив: нов-ѣи (понов), новѣиши (понова), новѣѥ (поново). Суперлатив: наинов-ѣи (најнов), наиновѣши (најнова), наиновѣѥ (најново). Секоја придавка можела да има две форми:

  • проста: добръ, добра, добро.
  • сложена: добрыи, добраiа, добрѥ.

Старословенскиот глагол имал, исто така, голем број форми (граматичко време): прости и сложени.

Прости:

Сложени:

  • перфект (минато неопределено време): нєслъ юсмь;
  • плусквамперфект (предминато време): нєслъ бѣахъ;
  • футур (идно време) се искажувало на два начина: со сегашно време од свршен глагол: напишѫ - ќе напишам, а од несвршен глагол со сложена форма составена од сегашно време од помошните глаголи; нмѣти, хътѣти, вьзѧти и инфинитивот на глаголот кој се менува: нмамь нєсти, хъшт нєсти, вьзьмѫ нєсти.

Во старословенскиот јазик имало 5 партиципи:

  • два за сегашност, активен: беры-ѫшти, пасивен: бєромъ , о и
  • три за минатост, активен I: бьравъ -ши, активен II: бьралъ , о, пасивен: бьранъ -а, о. Тие имале различни функции во реченицата.

Глаголите во старословенскиот јазик се делат на 5 групи според завршокот на презентската основа:

  • со основа на сегашно време на Є: Нєсє
  • на - Нє: двигнє
  • на - Ѥ: сѣѥ, знаѥ
  • на - И: моли, хвали
  • со основа на согласка по која се менувале само пет глаголи: ѥсмь, дамь, вѣмь (знам), iамь (јадам), имамь.

Формата за 2 лице множина на заповеден начин кај I и II промена завршувале на -ѣ -тє: нєс-ѣтє, а кај III и IV на -итє: сѣ-итє, мол-итє, хвал-итє.

Промена (конјугација) на глаголите во старословенскиот јазик, еве промена на еден глагол во сегашно време (презент) и минато неопределено време (перфект):

Сегашно време (презент)

Повеќе информации Лице, еднина ...

Минато неопределено време (перфект)

Повеќе информации Лице, еднина ...
Remove ads

Извори

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads