Стар град (Ерусалим)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стариот град во Ерусалим е оддалечен на околу 1 километар од модерниот Ерусалим. До 1860 година овие простори на градот ја сочинувале внатрешноста на градот. Стариот град е под формата на неправилен круг, во него може да се влезе од 7 различни порти од градот, најпознати од кој се Јафа и Сион. Стариот град е место каде се наоѓаат некои од клучните религиозни знаменитости на трите религии во градот: Ерусалимски храм заедно со Ѕидот на плачот за евреите, Светиот Гроб за христијаните, и џамиите Кубат Ал Сахра и Ал Акса на муслиманите.
Во 1980 година, стариот град во Ерусалим е заштитен под УНЕСКО.
Remove ads
Историја
Денешниот Стар град во Ерусалим е 3-4 пати помал од древниот Ерусалим од периодот на Ирод Велики. Кон 66 година, кон почетокот на востанието против Рим, градот го достигнал својот најголем расцвет. Неговото население било околу 100.000 луѓе и бил четвртиот град по големина во светот по Александрија, Антиохија и Рим. Ерусалим бил заобиколен од големи ѕидови. Неговите кули достигнувале и до 40 метри. Центарот и главен објект бил Храмовата Гора. Но, територијата на денешниот современ Стар град се оцртува од ѕидините кои биле изградени во 1536 година од страна на турскиот султан Сулејман Величествениот.
Населението на градот е околу 25.000 жители.
Remove ads
Населби во Стариот град
Традиционално за Стариот град е тоа што тој е поделен на муслиманска населба, христијанска, еврејска и ерменска населба.
Еврејската населба
Во евреиската населба се наоѓа Ерусалимски храм (Har ha-Bayit) обградена со Ѕидот на плачот. Во Израел уште ја нарекуваат Западниот ѕид бидејќи тоа е единствениот дел кој останал од Вториот храм. Според евреите, тоа е местото од каде започнало создавањето на светот.
Муслиманската населба

Вистинскиот камен на храмот се наоѓа под џамијата Ал Акса, која е точно зад Ѕидот на плачот. Зад неа пак се наоѓа џамијата Кубат Ал Сахра (катедрала на каменот).
Христијанска населба
Во стариот град на Ерусалим се наоѓа црквата на Воскресувањето или позната како брдото Голгота, каде според Библијата бил распнат Исус Христос. Исто така во стариот град се наоѓа и Светиот Гроб, место кое се смета дека е гробот на Исус Христос.
Ерменска населба
Ерменската населба е најмала во стариот град која се наоѓа до христијанската населба.
Remove ads
Порти во Стариот град

Отворени порти
Затворени (соѕидани) порти
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads