Стевица Ристиќ
македонски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стевица Ристиќ (Вршац, 23 мај 1982 ) — српско-македонски поранешен професионален фудбалер на позицијата напаѓач. Тој бил член на македонската фудбалска репрезентација со 16 натпревари и еден постигнат гол[1]. Тој го зел македонското државјанство за да може да игра за Македонија.
Remove ads
Клупска кариера
Играл за Јединство Вршац во 2001/02 во третиот фудбалски ранг во СР Југославија, а потоа и со Младост Лукиќево во Втората лига на СР Југославија.[2] Потоа, тој се преселил во 2003 година во Македонија за да игра во Силекс од Кратово. Тој бил најдобриот напаѓач во Првата македонска фудбалска лига во првите три сезони со нив и неговата одлична форма му донела трансфер од 250.000 евра во Џеонбук Хјундаи Моторс во јужнокорејската К-лига. Неговата форма во неговата почетна сезона во К-Лигата му донела награди за играч на годината и наводно бил цел на азискиот првак од 2008 година, јапонскиот клуб Урава Ред Дајмондс, за шпекулирана сума од 1,725 милиони евра. Поханг Стилерс се согласиле за размена со нивниот играч Шин Кванг-Хун за две и пол години во 2008 година.
Во август 2010 година, Ристиќ потпишал тригодишен договор со рускиот премиерлигаш Амкар Перм.[3]
Remove ads
Репрезентативна кариера
Тој одбрал да игра и го направи своето сениорско деби за Македонија во февруари 2007 година во пријателски натпревар против Албанија во кој веднаш постигнал гол и стекнал вкупно 17 натпревари, постигнувајќи 1 гол.[4]
Репрезентативни голови
- Results list Macedonia's goal tally first.
Remove ads
Личен живот
Тој е оженет и има две деца. Неговата сопруга е Македонка.
Освоени титули
- Силекс
- Прва македонска фудбалска лига - второ место: 2003/04
- Поханг Стилер
- Куп на Јужна Кореја (1): 2008
- Лигакуп на Јужна Кореја (1): 2009
- Лига на шампиони на АФК (1): 2009
- Бунјодкор
- Куп на Узбекистан: 2010
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads