Степа (Чехов)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Степа“ — (руски: Степь) новела на рускиот писател Антон Чехов од 1888 година.
Содржина
Новелата се состои од осум глави: Едно јулско утро, трговецот Иван Иванич Кузмичов и свештеникот Христифор Сириски заминуваат на пат во околината со намера да продаваат волна. Кузмичов со себе го поведува и внукот од сестра, Јегорушка, кого треба да го остави во блискиот град за да се запише во гимназијата. Бидејќи патуваат по многу жешко време низ степата, тие патем застануваат крај еден извор, а потоа накратко влегуваат во конакот на Мојсеј Мојсејич за да ги избројат парите. Пред да го напуштат конакот, во него влегува грофицата Драњицка коај го бакнува Јегорушка. Патем, тие среќаваат група коли кои превезуваат волна, па Кузмичов им го предава детето на коларите, а тој и отецот одат да го бараат богатиот трговец Варламов. Караванот пристига во едно село, каде коларите се капат во реката, а за да го прекрати времето, Јегорушка влегува во црквата и во еден дуќан. Ноќта, коларите раскажуваат приказни за разбојници, а наеднаш се појавува млад селанец од околината, кој им раскажува за својата среќа поради неодамнешната женидба со една убава девојка. Утредента, во близината на едно село, Јегорушка конечно го здогледува трговецот Варламов за кого се зборува низ целиот крај. Вечерта започнува големо невреме поради што караванот е принуден да се засолне во една селска куќа каде преспива Јегорушка. Најпосле, утредента, караванот пристига во градот, каде Јегорушка ги среќава вујкото и отец Христифор. Како последица од невремето, Јегорушка е болен, но благодарение на негата што му ја пружа отец Христифор, тој веднаш оздравува. Утредента, вујко му го сместува во станот на Настасја Петровна, стара пријателка на мајка му на Јегорушка. Додека го гледа заминувањето на вујко му и отецот, Јегорушка се прашува каков ќе биде новиот живот што го очекува во градот.[1]
Remove ads
За делото
Повеста „Степа“ спаѓа меѓу најпоетските, најлиричните прозни дела на Чехов. Во неа, тој ги слика душата на едно дете кое го открива светот и светот што ја открива човековата душа. Оттука, може да се каже дека „Степа“ се истакнува како образец на неговата проза: во неа се застапени тивките, изнијансирани чувства и живописниот руски пејзаж кој Чехов го чувствува како најинтимен дел од себе. Притоа, степата како да оживува под перото на Чехов, но тука не се работи само за пејзажот насликан со извонренди бои, туку станува збор за родната земја со својата судбина, со тагата и со стремежот за среќа. Оттука, со право „Степа“ се смета не само за едно од најпоетските дела на Чехов, туку и во целата руска книжевност, воопшто, така што некои критичари ја нарекуваат поема. Во тој поглед, впечатливи се зборовите на Максим Горки, кој рекол: „За Чехов може да се напише многу, но треба да се пишува деликатно и јасно, како што јас не умеам. Добро би било за него да се пишува како што тој ја напишал „Степа“, приказна полна со мир, лесна и руски замислено тажна. Приказна за себе.“[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads