Стефано Пираци

италијански Друмски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Стефано Пираци
Remove ads

Стефано Пираци (италијански: Stefano Pirazzi; р. 11 март 1987 ) — италијански професионален друмски велосипедист, кој моментално е суспендиран поради позитивен допинг-тест.[1]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Кариера

Роден во Алатри, Пираци се натпреварува како професионалец од 2010, придружувајќи му се Колнаго-ЦСФ Инокс од аматерско ниво; неговиот брат-близнак Роберто е исто така велосипедист и исто така бил член на екипата Палацаго Рад Логистика со Стефано во 2009.[2]

Во мај 2017 година, еден ден пред почетокот на Џиро д’Италија 2017, UCI објавиле дека Пираци и колегата од Бардијани-ЦСФ, Никола Руфони, биле позитивни на хормони за раст во контрола надвор од трките пред еден месец.[3] Подоцна истиот месец, UCI ги поврдила и Б-примероците на обајцата, поради што екипата објавиле дека ги прекинува нивните договори.[4] Во октомври, Пираци добил четиригодишна забрана почнувајќи од првичната објава, поради што не смее да настапи повторно до мај 2021 година.[1]

Remove ads

Достигнувања

2007
1. Етапа 3 Џиро деле Региони
4. Џиро дел Канавезе
6. Гара Сиклистика Милионарија
8. Краен пласман Волта а Љеида
1. Етапа 4
1. Етапа 5b
2008
7. Кроноскалата Гардоне Валтромпија
2009
1. Гара Милионарија Монтапоне
3. Трофео Бастијанели
6. Џиро дел Сињо
2011
1. Планински пласман Џиро дела Провинсија ди Реџо Калабрија
1. Пласман за млад возач Џиро дел Трентино
3. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
2012
1. Планински пласман Тирено-Адријатико
2013
1. Планински пласман Џиро д’Италија
2. Национално хронометарско првенство
7. Краен пласман Џиро дел Трентино
2014
1. Етапа 17 Џиро д’Италија
4. Национално хронометарско првенство
2015
2. Џиро дел’Апенино
2016
1. Етапа 4 Сетимана Копи е Бартали

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads