Стефан Петрушевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стефан Ордев Петрушевски ( 1918 во Секулица — 1945 во Врпоље) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]
Животопис
Основното четиригодишно училиште го завршил во родното место. Бидејќи немал можност да го продолжи образованието, тргнал по патот на својот татко, да работи земјоделие и да собира жетва од сиромашната и неплодна земја, од која не можело целосно да се прехрани нивното семејството. На 1 септември 1944 година, единиците на НОВ престојувале во селото и околината на Секулица, па така тој се приклучил во редовите на Единаесеттата македонска бригада. Со Бригадата, тој учествувал во повеќе борби за ослободување на Македонија. Подоцна бил упатен во Треттатa македонска ударна бригада, со која по ослободувањето на Македонија заминал на Сремскиот фронт. Загинал во април 1945 година кај Врпоље, во борбите против германскиот окупатор.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads