Стибера

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Стибераантички град во Пелагонија, во близината на селото Чепигово.

Местоположба

Thumb
Стибера, Археолошки локалитет, с. Чепигово

Археолошкото наоѓалиште на градот Стибера се наоѓа во северниот дел на Пелагонија, на ридот Бедем, во близина на селото Чепигово на 16 км западно од Прилеп. Наоѓалиштето лежи над вливот на реката Блато покрај Црна Река (Еригон).

Историјат

Thumb
Стибера, Археолошки локалитет, с. Чепигово

Стибера постоела од 3 век п.н.е. до 3 век од нашата ера. Се претпоставува дека во времето на најголемиот подем во градот живееле над 20.000 жители.[1] Формирањето на градот започнало во македонско хеленистичкиот период IV-III век п.н.е. Својот најголем расцвет, градот Стибера го имал во II век н.е., кога се вршела најголемата обнова на објектите во градот, и кога се создаваат најголемиот број на мермерни скулптури и епиграфски споменици. Откривањето на остатоците од архитектонска и портретна мермерна пластика и фрагменти од мермерни плочи со натписи во 2009 година потврдуваат значајната улога на Стибера и неговите граѓани во рамките на слободните градови во римските провинции. Урбаниот живот во градот се угаснал во втората половина на III век н.е.

Remove ads

Археолошки ископувања

Во Стибера се откриени бројни скулптури што биле поставени во храмот посветен на божицата на судбината, Тихе. Дел од откриените статуи се наоѓаат во музејот во Прилеп, во музеите во Скопје, а еден дел бил изложен пред зградата на македонската влада. Се претпоставува дека со досегашните ископувања е откриено само 1-2% од археолошкото богатство на градот. Во 2006 година, во Стибера била откриена голема скулптура во природна големина, на која набргу ѝ била отсечена и украдена главата. Исто така, во градот е откриен и еден гимназиум.[1]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads