Стоилко Урдаревски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Стоилко Велков Урдаревски ( 1918 во Чучер25 април 1945 во Банова Јаруга) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Животопис

Thumb
Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Стоилко Урдаревски

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото. Се занимавал со земјоделство и чување на овци и кози.[1] На 21 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во крвави борби против балистите. Бил учесник во дејствијата против Германците кај Качаничката Клисура, како ѝ во разоружувањето на балистичките банди на Косово. На 12 април 1945 година, тој учествувал во големата пролетна офанзива против Германците и во пробивот на Срем. Во натамошните борби против непријателот, во битката за ослободување на Банова Јаруга, храбро загинал на 25 април 1945 година. Бил закопан на местото каде што загинал.[1][2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads