Санде Урдаревски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Санде Перов Урдаревски ( 1920 во Чучер — 1943 ) македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Remove ads
Животопис
Завршил основно училиште во селото. Се занимавал со земјоделство и сточарство. Неговото село мошне рано станало главна база на партизанските одреди. Со тоа станал симпатизер на Народноослободителното движење. Откако добил покана за да го отслужи воениот рок, заминал во редовите на бугарската фашистичка војска. Но, набргу избегал и се приклучил во Сврлишкиот партизански одред. Со одредот учествувал во акциите на просторот меѓу Бела Паланка и Бабушница во Србија.[1] Бил учесник во повеќе борби противбројни окупаторски сили: Германци, четници, Љотиќевци.[1][2] Подоцна живеел илегално во околните села на Ниш, а потоа во градот. Од големите напорни борби на терен тој тешко оболел. Бил префрлен на лечење во болница. Таму му ја ампутирале ногата, за да го спасат, но здравјето не му се подобрувало, по што починал во 1943 година.[1]
Remove ads
Поврзано
- Александар Урдаревски
- Никола Урдаревски
- Живко Урдаревски
- Стоилко Урдаревски
- Трипун Урдаревски
- Стојан Урдаревски
- Неделко Урдаревски
- Благоја Урдаревски
- Љубе Урдаревски
- Младен Урдаревски
- Перо Урдаревски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads