Стојан Радовски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стојан Радовски ( 1923 во Бродец (Скопско) — 14 септември 1945 во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште заврши во селото, а потоа им помагал на домашните во земјоделската работа. Стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Учествувал во борбите на Косово, а потоа заминал за Срем, каде со успех завршил военополитичка обука. Одлично го совладал ракувањето со новоприменото оружје. Бил учесник во пробивот на Сремскиот фронт и во борбите сè до завршувањето на војната. Но, и потоа, кога во Југославија почнала обновата и изградбата на земјата, сè уште се борел за ликвидирање на одметнатите банди. Во една од многубројните борби против нив, загинал на 14 септември 1945 година.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads